• Latest

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Предлози во Собранието за една изборна единица

Откако на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се озвозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз денеска во Собранието поднесоа свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица. Поддршка за една изборна единица дадоа и ТПХ и ДОМ. ДУИ, исто така, подржува една изборна единици, но со отворени листи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мицкоски: Очекувам да бидеме во првите пет економии во Европа во првиот квартал од оваа година

РЕГИОН

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

Во Брисел денеска и утре ќе се одржи нова рудна преговори во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што се води со посредство на ЕУ, на ниво на главни преговарачи, информира денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни.

СВЕТ

Првите сателитски снимки од уништените руски бомбардери по нападот на украински дронови

Се појавија првите сателитски снимки кои ги покажуваат последиците од големиот украински напад со беспилотни летала врз руската воздухопловна база Белаја во Иркутската област, откривајќи значителна штета на московската флота стратешки бомбардери, објави консултантот за геопросторна разузнавање Крис Бигерс на X на 2 јуни. Нападот беше дел од координирана операција на Безбедносната служба на Украина (SBU) насочена кон повеќе руски воени аеродроми.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за проектите Коридор 8 и 10?

АНАЛИЗИ

„Со секоја наредна година опаѓа моќта на ова општество, одговорните субјекти да се соочат со проекти кои бараат фараонска мотивација. Впрочем, ние сме дел од систем што со месеци не може да поправи едно селско мовче на најфреквентната постојна пруга. Оваа власт е магнетски привлечена од парите што може да дојдат, а не од мотивацијата за крајниот производ на проектите што треба да се почнат но и – завршат“, пишува Љубомир Костовски во неговата анализа „КОРИДОРИ: Експресните возови и црвениот сигнал на неефикасноста“.

ФОРУМ

ДУПЛО ЕСПРЕСО со Драган Мишев и Џабир Дерала: Избори во Полска; Терор во Колорадо; Украина ја затресе Русија од корен

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Све је исто само њега нема. Или, како што кажал философот Хераклит, „ Се тече, се се менува“… само мегаломанските ветувања на ВМРО- ДПМНЕ се константа. Како и игнорирањето на стратешкиот интерес на Северна МАкедонија да стане полноправна членка на ЕУ. Можеби тука можев да ја употребам и познатата изреката на Ајнштајн за универумот и човечката глупост, но ќе ја оставам за понатаму, секако ќе има уште доста прилики“, пишува Драган Мишев во „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски“.

Подготви: Б. Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ