• Latest

На „север“ ништо ново

June 25, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На „север“ ништо ново

June 25, 2018 12:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По постигнувањето на Договор за проблемот со името меѓу Македонија и Грција повторно се разгореа страстите во јавноста. Нови протести, партиски препукувања, говор на омраза и само уште една причина за поделба на граѓаните…

Претставниците на народот, колку и да се разликуваат во нивните ставови и перцепции за напредокот на Македонија, во овој договор, наоѓаат само уште една причина за партиски пресметки, политички поени и секојдневно труење на јавноста со обвинувања и сомнежи. Приказната за патриотите и предавниците се чини како никогаш да нема да заврши.

По протестот на 23 јуни, кој започна во 20 часот пред Собранието на Македонија, кој според социјалните мрежи беше организиран од Млади за Македонија, беше нападнато седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и исфарбано со црвена и жолта боја.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по инцидентот кој се случи таа вечер, на прес-конференцијата која ја одржаа ВМРО-ДПМНЕ по полноќ, изјави дека нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам, но и напад на сите оние кои ги штитат Македонските национални интереси. Тој додаде дека одговорноста за ваквиот напад се структури блиски до власта, по принцип на шарената револуција.

„Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев готви насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го втурне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Зоран Заев со договорот за  името. Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 -ми април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета.“ додаде Јанушев.

Истиот ден и СДСМ излезе со соопштение дека го осудуваат нападот врз централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, и дека СДСМ не може да биде виновен за поделбите во опозициската партија.

„Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај. ВМРО-ДПМНЕ мора конечно да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби, да покаже елементарна политичка одговорност и во интерес на граѓните да се одлучи ЗА македонската иднина.“ стои во соопштението на СДСМ.

Јавноста е навикната на ваквите „препукувања“ на најголемите партии во Македонија, па така, и денес пристигнаа нови обвинение и одбрана од двете страни.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата на СДСМ дека со еден потпис на договорот со Грција, се откажува од се што е македонско, а тие во одбрана дека и при јавно објавен договор, опозицијата се дрзнува да ја лаже јавноста и дека македонските топоними не се забрануваат.

„Ваквиот капитулантски договор под покровителство на Заев и Димитров атакува на македонското културно наследство, државност и суверенитет, прикажувајќи ја Македонија како целосно нова вештачки измислена творба. Иако тоа не беше дел од преговорите, сега по волја на Коте Заев, од македонската меморија ќе треба да се избришат Солун, Кукуш, Лерин. Тие ќе исчезнат од македонските учебници, македонските патокази и од сите документи. Македонија ќе биде обврзана да ги користи грчките топоними, кои насилно биле наметнати. Откажувањето од географските поими значи бришење на дел од културата и историјата на еден народ.“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, во денешното соопштение на СДСМ стои „Во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи подеднакво и за двете страни. Приоритет на едно не значи забрана за друго. Со тоа се обезбедува чисто и соодветно решение согласно меѓународните стандарди. Договорот предвидува и формирање на Заеднички комитет кој ќе работи во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа, а неговото делување исто така ќе важи за двете страни подеднакво.“

И додека двете најголеми политички партии во земјава залудно го трошат времето на дневно-политички обвинувања и објаснувања, граѓаните на Македонија, сè уште не чувствуваат никакви општествени промени. Здравството тоне се подлабоко. Социјални трагедии на секој чекор. Дури и образованието учествува во процесите на поделба и сегрегација. Опозицијата упорно од петни жили се труди да го закочи секој процес кој е во насока на подобрување на состојбите во општеството. А власта, пак, се чини троши премногу енергија на она што се случува надвор од земјата, оставајќи ги своите граѓани во втор план.

Ангела Петровска

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕобвинувањапрепукувањаПротестиСДСМсоопштенија
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ