• Latest

На власт се дише – во опозиција не се дише, партиските препукувања не го чистат загадениот воздух

November 12, 2024
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

На власт се дише – во опозиција не се дише, партиските препукувања не го чистат загадениот воздух

November 12, 2024 11:05
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

И денеска партиите се препукуваат кој е крив за загадениот воздух што го дишат македонските граѓани. Додека се на власт велат дека работат да се намали загаденоста, кога се во опозиција забележуваат дека дишат токсичен воздух.

СДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?

Од СДСМ велат дека Скопје продолжува да биде меѓу најзагадените градови во светот, граѓаните дишат загаден воздух и во други градови. Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше активна борба со аерозгадувањето граѓаните гледаат дека ниту градоначалниците од оваа партија ниту пак централната власт презема нешто.

Од таму додаваат дека додека беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијадра евра инвестиции за заштита на животната средина и намалување на загадувањето до 50%.

„Дојде на власт, седна во фотелјата и Мицкоски не прави ништо, ниту има инвестиции, ниту мерки против загадувањето“, велат од СДСМ.

Во мандатот на СДСМ, потенцираат, во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници, во 13 средни средни училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата, се субвенционираа инвертери, велосипеди, активните оџаци се намалија за 8.000, на 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени беа сите диви депонии во градскиот урбан опфат.

„Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето. Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како на пример проектот БТР со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре. Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: „Зелениот“ ДУИ и СДС останаа само на празни зборови за загадениот воздух, Владата на ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк, доделување на инверетери, се работи и на гасификација

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата на СДС(М) и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето. И самиот Зоран Заев постојано викаше на цел глас аеро, аеро и ветуваше чист воздух. Јани Макрадули од СДС кон крајот на 2017 година како заменик министер во ресорното министерство протестираше за почист воздух. Или Јани протестираше против Јани. ДУИ кои се прокламираа како зелена партија немаат ниту З од зелена агенда.

„А што имаше во време на СДС(М) и ДУИ? Мерните станици честопати беа расипани и не функционираа. СДС(М) во изминатите 7 години трошеа милионски буџети, а за подобрување на квалитетот на воздухот не вложија ништо. Проблемот со загадувањето е голем и потребно е сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати. ВМРО-ДПМНЕ има системски решенија за квалитетен воздух и намалување на урбаното загадување. ВМРО-ДПМНЕ има план за екоиновации за одржлив развој каде преку зелениот фонд ќе се поддржува посебни програми за поддршка на стартап компании и иновации кои ќе работат на проекти за помало загадување и заштита на животната средина. ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк во источниот дел на Македонија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ додели ваучери за инвертер клими за нешто повеќе од 6 илјади граѓани. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на гасификација на целата држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат, е еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост.

Д. М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ