• Latest

Набљудувачите на ЦИВИЛ подготвени за сите изборни предизвици

April 1, 2019
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Набљудувачите на ЦИВИЛ подготвени за сите изборни предизвици

April 1, 2019 14:16
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода викендот (30-31 март) го искористи за обуки за мониторинг на претседателските избори. Набљудувачите на семинарот добија детални насоки за набљудување  на процесот на спроведувањето на претседателските избори од повеќе аспекти.

Постојаните соработници, поддржувачи, членови, како и дологорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, го мониторираат изборниот процес уште од самиот почеток, по распишувањето на претседателските избори на 8 февруари. ЦИВИЛ во континуитет ги мониторира состојбите на човековите права и слободи и општествено-политичките процеси во Република Северна Македонија.

Мониторингот на ЦИВИЛ на денот на гласањето на првиот и вториот изборен круг ќе го спроведуваат околу 160 акредитирани набљудувачи. Набљудувачите се поделени во две групи, според проектите во чии рамки се спроведуваат овие активности и тоа, проектите „Граѓански објектив“, со поддршка од National Endowment for Democracy и проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, во чии рамки е и развојот на медиумската платформа на ЦИВИЛ, а со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Секој од проектите вклучуваат посебен фокус на правото на глас, политичката корупција и изборниот поткуп, заканите и притисоците, како и политичкото финансирање.

До сега се нотирани голем број случаи на говор на омраза, лажни вести, политичка корупција, црна порпаганда и предвремена кампања. ЦИВИЛ својот фокус во набљудувањето во овој период го насочи кон кандидатите за претседатели, нивните поддржувачи, политичките партии и нивното финансирање, институциите и медиумите.

Обуките ги предводеше Џабир Дерала, ЦИВИЛ, со помош на Координативниот тим на организацијата. Учесничките и учесниците на обуките се запознаа со принципите на набљудување на ЦИВИЛ, методологијата и безбедносните протоколи во процесот на мониторирање на изборниот процес. Исто така, тие добија и конкретни насоки како да известуваат за сите облици на притисоци, манипулации, а особено за повредата на правото на глас, но и како да ја заштитат тајноста на податоците и заштита на идентитетот на изворите на тие информации.

За повеќе информации за активностите, сознанијата и ставовите на ЦИВИЛ за изборниот процес, заинтересираните медиуми и граѓанки и граѓани можат да се јават на тел. 02 / 520 91 76 или да напишат порака по мејл (civil@civil.org.mk) или на Фејсбук.

Б. Јордановска

Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ