• Latest

Наградени најдобрите на промоцијата на 23. класа потпоручници на Воената академија

July 31, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Наградени најдобрите на промоцијата на 23. класа потпоручници на Воената академија

July 31, 2023 12:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Во Воената академија  „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска имаше промоција на 23. класа потпоручници, а на свеченоста беа врачени награди за тројцата најдобро рангирани Никола Антески, Јована Софрониоска и Наум Спироски.

Поминавте долг и предизвикувачки процес на едукација кој успешно го завршивте. Благодарение на современите студиски програми во согласност со принципите за воено образование на НАТО, можност за размена на професорски кадар и питомци преку програмата „Еразмус плус“, како и преку одбранбената билатерална соработка со нашите сојузници, имавте можност за стекнување знаење и вештини, вредни за еден вистински офицер на НАТО. Денес стоите овде пред нас токму благодарение на вашата одлучност, подготвени да продолжите и да постигнете повисоки цели. Вие сте вистинските патриоти, вие кои сте решиле својата работна кариера да ја посветите на заштитата на своите граѓани и многу повеќе од тоа, активно да се вклучите во системот на колективна одбрана и безбедност на НАТО, како офицери на земји членки и партнерски земји на Алијансата. Успех е што меѓу вас веќе години наназад во Воената академија се образуваат и офицери од земјите од регионот. Денес покрај 27 нови потпоручници од македонската армија, имаме и петмина од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Но, за време на вашето образование, двајца од вас имаа можност по еден семестар да се школуваат во Кралството Норвешка, а исто така на нашата Академија, еден семестар се образуваа и питомци од Кралството Норвешка и од Република Бугарија, рече Петровска.

И токму затоа бидете уверени дека како што досега бевте водени од професионалци низ вашето воено образование, така и од првиот работен ден ќе продолжите со луѓе кои имаат стекнато огромно искуство и знаење и кои нема да се штедат да ви го пренесат таму.  Станувате дел од најреномираната институција во нашата држава. И затоа продолжете со вашиот мотив и енергија, таа стекната доверба кај граѓаните континуирано да ја одржувате, нагласи министерката.

Во обрќањето до новите питомци министерката Петровска нагласи дека студирањето на Воената академија е одлична можност за развој на нивните замисли како идни офицери на македонската армија.

Сакам да додадам, дека покрај континуираното заедничко залагање за унапредување на образовниот процес во оваа институција, како Министерство веќе донесовме од овој месец вашите примања да ги зголемиме за 100 проценти, и ве уверувам дека секогаш сме тука да излеземе во пресрет на вашите предлози, како во поглед на подобрување на образовниот процес, така и за условите престојот и за сѐ она што вам како питомци ви е потребно за да постигнете врвни резултати. Воената академија како единствена високо образовна институција во нашата држава игра клучна улога во произведувањето на нови квалитетни кадри, офицери на Армијата на Република Северна Македонија, чија основна цел е националната безбедност и одбрана. Уверена сум дека и во иднина ќе продолжи развојот и унапредувањето на образовните процеси на Академијата, подвлече Петровска.

Пред присутните се обрати и деканот на воената академија, полковник професор доктор Митко Богданоски.

Тешко е да се опише со зборови, чувството на гордост и задоволство што денес стојам пред вас, нашите идни лидери, стратези и чувари на мирот и на безбедноста на нашата земја. Денес, по сета макотрпна работа и труд, вие се придружувате на вашите претходници, поранешни генерации на нашата академија, што го подготвија теренот и создадоа услови за иден развој што го очекуваме од вас, како наша иднина. Воената академија претставува света институција која создаде генерации кои се соочија и надминаа многубројни конфликти, кризи и природни катастрофи, воздигнувања и падови, докажувајќи ги вредностите на кои почива институцијата, истакна Богданоски.

Во името на награденитре на свеченоста се обрати Никола Антески.

Пред четири години пристигнавме овде желни и решени да тргнат по овој предизвикувачки пат. Нашето патување започна со основна воена обука, ригорозен процес што ја тестираше нашата физичка и ментална издржливост. Бевме турнати надвор од нашите граници, соочени со препреки што изгледаа непремостливи. Но, ние стоевме обединети, учејќи го вистинското значење на заедништвото и силата што доаѓа од заедничката работа како тим. Токму во овие моменти ги откривме нашите внатрешни резервоари на сила и издржливост. Конекцијата што ја поставивме уште првите денови, стана основа на доживотни пријателства. Сите ние бевме најголема меѓусебна поддршка во моменти на тага и среќа. Имавме можност да живееме и работиме изминатите четири години и со питомци кои не го носат истото знаме со нас на ракавот, но, во нив добивме искрени пријатели во Босна и Херцеговина и Црна Гора, рече Антески.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ