Професорката Мирјана Најчевска, на својот Фејсбук профил, продолжува да ја критикува власта за погрешните кадровски решенија.

„Следниот пат кога Зоран Заев или Али Ахмети, или некој од нивните семејства ќе има здравствен проблем, мислам дека не треба да одат во здравствена установа и да бараат помош од лекар-специјалист во соодветната област, туку да се упатат кај некоја струмичка или тетовска бајачка која ќе ја направи соодветната интервенција.
Токму тоа го прават во однос на државата и во однос на граѓаните со поставувањето на високи функции во власта на некомпетентни, неуки, неискусни и кадри собрани по принципот на кафански муабет, и/или кои им дошле и им се понудиле (како Венко наш голем маж)“, напиша Најчевска.












