Израелските напади врз Појасот Газа од утрово убија 32 лица, соопштија медицински извори од болниците низ целата област.
Меѓу жртвите има десет Палестинци убиени во напади врз магацин што се користи за дистрибуција на хуманитарна помош.
Израелскиот напад погоди магацин во населбата Зејтун во јужна Газа, изјавија извори од болницата Ал-Али за Ал Џезира.
Двајца баратели на помош беа убиени и од израелски оган во близина на центар за дистрибуција на помош во јужна Рафа, изјавија извори од медицинскиот комплекс Насер, пренесе МИА.