• Latest

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025 16:00
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Западен Балкан ништо ново. Барем што се однесува до ширењето на руските наративи за војната во Украина, овој пат проширено и надградено со упадот на руски дронови на територија на НАТО членка, во случајов Полска.

Но, изгледа некои македонски медиуми се плашат да ги именуваат дроновите кои беа соборени во Полска како руски, иако сите индикации и релевантни изјави на функционери од земјата на која и беше нарушен суверениот воздушен простор од страна на руските дронови.

Зенемарувајќи ги изјавите на високи претставници на полската влада, како премиерот Доналд Туск кој објави на X дека:

„Синоќа полскиот воздушен простор беше нарушен од огромен број руски беспилотни летала“,

И полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, кој во видео обраќање на социјачните мрежи ја обвини Русија за намерно кршење на полскиот воздушен простор откако повеќе руски беспилотни летала влегоа во Полска и беа соборени,

„Синоќа, воздушниот простор на Полска беше пробиен 19 пати од беспилотни летала произведени во Русија. Нашата проценка е дека тие не скршнале од курсот, туку биле намерно целени, кажа Сикорски во видео изјава.

Нјаверојатно тргнувајќи, од за нив се чини единствениот релативен извор, руското министерство за одбрана, кое негирше вмешаност во инцидентот ( што беше отфрлено како „лагите и негирањата“ на Москва и „стандардни советски одговори“.), во идентични наслови на текстовите со наслов: „Завршена полската воена операција“ се наведува дека:

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта, без притоа да се наведе потекло на тие беспилотни летала.

 

По проверката на интернет, тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) забележа дека единствено во текстовите на овие македонски медиуми, за разлика од останатите во регионот, не се споменува дека тие беспилотни летала биле руски.

За воља на вистината, на едниот од нив, срамежливо, под текстот во еден од таговите пишува – руски беспилотни летала – што само го зголемува сомневањето дека се работи за манипулација, со неспомнувањето на потеклото на дроновите да се створи сомнеж кај читателите дека Полска и НАТО лажат, и дека не е потврдено руско навлегување на простор на друга суверена држава, згора на тоа и членка на НАТО, со што оставаат простор за еден друг руски наратив, кој шефот на полското МНР, Сикорски го разобличи во своето видео обраќање, изјавувајќи дека:

„Секој што тврди дека ова била украинска провокација шири руска пропаганда“.

Овие два медиума се добро познати на ЦХТМ по ширењето на руските пропагандни наративи, но за жал, не се единствени, и само се вклопуваат во широкиот спектар на пропагандни орудија кои Москва ги користи во нејзината прокси војна против Западот, меѓу кои ден од најподмолните аспекти на руската пропаганда е тоа што не се ограничува само на анонимни „трол фарми“, државна телевизија или маргинални екстремистички групи. Во земји како Северна Македонија и пошироко низ Западен Балкан – со Србија како руски прокси во регионот – респектирани интелектуалци, креатори на јавното мислење и универзитетски професори станаа мегафони на проруски наративи. Спакувани во јазик на „реализам“ или „мировни заложби“, овие наративи ја легитимираат агресијата, ја бришат агендата на Украина и ја поткопуваат европската безбедност.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија.

Руската пропагандата, преку погодни медиуми во Северна Македонија, која е членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, се стреми да ги прикаже ЕУ како лицемерна, корумпирана или непријателски настроена, а НАТО како „окупатор“, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Како што објави ЦИВИЛ во едукативен прилог „5 начини да препознаете манипулации во медиумите“ за тоа како да се разликуваат фактите од манипулациите, манипулативните текстови не секогаш содржат лаги.

Понекогаш доволно е да се постават прашања, да се користат селективни факти или да се имплицира вина, за да се создаде перцепција кај читателите. особено во предизборен период, кога јавноста често е бомбардирана со „ексклузиви“ и „скандали“ што звучат шокантно, но не секогаш се поткрепени со факти. Наместо докази, често се користат техники што создаваат сомнеж и недоверба кон политичките противници.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Tags: проруски македонски порталируска пропаганда во Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ