Најмалку 50 лица се убиени во пријавената израелска офанзива во северна Газа, според агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас, пренесува Би-би-си.
Палестинците на север велат дека Израел започнал голем копнен, воздушен и поморски напад во раните утрински часови во петокот; Израелската војска сè уште не коментирала
Според локалните жители, нападот започнал со бараж од чадни бомби, проследен со интензивно артилериско гранатирање од блиските израелски позиции
Ова е најобемниот копнен напад врз северна Газа откако Израел ја продолжи својата офанзива на почетокот на март, вели дописникот од Газа, Ружди Абулуф
Во меѓувреме, високиот американски дипломат Марко Рубио вели дека САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа – таа е под целосна израелска блокада на целата храна, лекови и други хуманитарни залихи веќе 10 недели
Повеќе од 120 луѓе беа убиени во Газа во израелските воздушни напади во четврток, вели агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас
Индиректните разговори за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците продолжуваат меѓу Израел и Хамас во Катар, но досега нема знаци за напредок.
Д. Мишев