Суданските паравоени Сили за брза реакција (РСФ) со дрон нападнаа болница во јужниот дел на земјата, при што загинаа шест луѓе, а 15 се повредени.
РСФ ја нападна Меѓународната болница ал Даман во главниот град на провинцијата Северен Кордофан, Обеид.
Поради нападот главната болница во регионот не работи.
РСФ сè уште не го коментираше нападот.
Од април 2023 година во Судан се водат борби за превласт помеѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ). Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.
РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но не се согласи армијата.
РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.
Војната во третата по големина африканска држава предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а РСФ и армијата се обвинети за масовно кршење на човековите права. Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и загинаа десетици илјади луѓе, а повеќе од 14 милиони се раселени.
Според податоци на Обединети нации, Судан е една од најлошите хуманитарни катастрофи во светот.