• Latest

Најмногу институции со „ограничено“ ниво на транспарентност во јавните набавки

November 11, 2019

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најмногу институции со „ограничено“ ниво на транспарентност во јавните набавки

November 11, 2019 11:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2  проценти од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало подобрување во однос на претходните години, во 2017 година изнесуваше 53,6  проценти, а во 2016 година 51,7 проценти.

Тоа го покажува најновото рангирање на 21 институција, според транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки, што го објави денеска Центарот за граѓански комуникации. Станува збор за анализа за 2018 година која е трето годишно истражување на начинот на којшто институциите ги спроведуваат тендерите, во рамките на ЕУ проектот: Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.

Најмногу институции се рангирани во „ограниченото“ ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со исполнување на критериумите меѓу 40 проценти и 60 проценти. На врвот се министерствата за економија и за одбрана, а на дното министерствата за здравство и за образование и наука.

– Анализираните институции заедно потрошиле 124 милиони евра за јавни набавки во 2018 година. Поединечно, најмногу пари за јавни набавки потрошила институцијата која е најслабо рангирана, Министерството за здравство (39 милиони евра), додека, пак, Министерство за економија, како прворангирана, е во групата на институции со помал обем на јавни набавки (334.000 евра). Институциите со минимално ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во 2018 година потрошиле 31 процент од парите, наспроти 2016 година, кога тој удел изнесувал дури 75 проценти од вредноста на тендерите на Владата и на Собранието, стои во анализата.

Според истражувањето,   86 проценти од институциите го објавуваат годишниот план за јавни набавки на своите веб-страници, само половина ги објавуваат огласите за јавните набавки, а само две ги објавуваат известувањата за склучените договори. Плановите за јавни набавки просечно се реализираат 65 проценти. Најниската реализација на една институција изнесува 32 проценти, а највисоката 92 проценти.

Само четири институции, според истражувањето, просечно добивале повеќе понуди по тендер отколку националниот просек. Во дури 68 проценти  од набавките, институциите определиле т.н. разумни рокови за поднесување понуди, односно подолги од законски минималните. Пораснала концентрацијата на фирмите на тендерите. Кај дури пет институции, уделот на еден носител на набавка во вкупната вредност на тендерите е повисок од 40 проценти, што се смета како праг за концентрација.

–  Процентот на тендерски документации со дискриминаторски елементи кои можат да ја ограничат конкуренцијата е намален од 29 проценти во претходните две години на 18 проценти во 2018 година. Секој трет тендер на анализираните институции бил поништен. За разлика од ланските 25 проценти, за 2018 година процентот на поништени тендери изнесува 30,3 проценти. Поединечно, процентите се движат меѓу 10  проценти и 73  проценти, се наведува во истражувањето.

Како што се дополнува, намалено е користењето на постапката со преговарање без објавување оглас. Зголемен е просечниот удел на доставени жалби од фирмите во вкупниот број огласи кај анализираните институции. Овој удел изнесува 5,7 проценти, што е повисоко од националниот просек за 2018 година од 3,3 проценти и од ланските 4,6  проценти.

Истражувањето покажало дека се влошува одговарањето на институциите на доставените барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Лани одговориле просечно за 38 дена, годинава за 42, иако максималниот законски рок е 30 дена. Констатирано е и дека малку институции имаат интерни правила за јавните набавки, особено за оние аспекти кои не се прецизно регулирани со законот.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ