• Latest

Најмрачното место…

August 7, 2018
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател Болсонаро планирал да избега во Аргентина барајќи азил, обвинува бразилската полиција

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израелскиот  министер за одбрана: Градот Газа ќе биде срамнет со земја ако Хамас не се согласи со нашите услови

August 22, 2025

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат 83% стапка на смртност на цивили во Газа

August 22, 2025
Фото: Скриншот

Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

ЦУК: Осум активни пожари низ државата

August 22, 2025
Фото: Тулси Габард / Х

Шефицата на разузнавањето на Трамп наредила прекин на споделувањето разузнавачки информации за мировните преговори меѓу Русија и Украина со сојузниците 

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Од коментари до промени: Време е да ги поставиме прашањата што навистина значат нешто

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Најмрачното место…

August 7, 2018 12:15
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмрачното место на кое можев да бидам во 4 часот наутро е Клиничкиот центар во Скопје. Во тој град во град, мрачен град во град, ме пречекува рампата за паркинг. Влегувам со притисок на валканото копче и го извлекувам билетот. Уличките се преполни со дупки. На речиси секој агол гледам кучиња кои подзастануваат и со поглед го следат моето движење, а потоа се враќаат на ноќното досадување. На раскрсниците има релативно нови патокази за тоа која клиника каде се наоѓа. Уличките се мрачни, па затоа морам да пуштам долги светла за прочитам што пишува на нив.

Пишува: Џабир Дерала

Детската клиника е тивка. Сепак, влезот е осветлен, а на ѕидовите се нацртани хероини од Дизниевите анимирани филмови. Дежурната докторка е уморна, но љубезна и професионална. На излегување, забележав една порака до дежурниот персонал, со сите големи букви, со неколку правописни грешки и многу извичници. Најдолу пишува дека тоа е НАРЕДБА ОД ДИРЕКТОРКАТА. Понижувачки за персоналот, но и за пациентите. Каква болница е ова, во која персоналот се третира така пред очите на секој што влегува таму? Постапката во лабораторијата е брза, младиот лаборант е уморен, но љубезен. Лифтовите чкрипат, стари и валкани. За услугата плативме 108 денари.

Следна станица е Интерно, на вториот кат, каде што е Клиниката за уво, нос и грло. Од десната страна е Токсикологија. Светлината е слаба. Од Токсикологија излегува една група луѓе. Едниот турка пред себе една стара болничка количка на која е седнат постар човек, пациентот, со главата навалена на едната страна, се тресе од нерамната калдрма. Нема болнички персонал. Само две-три кучиња немо ја следат поворката. Во едно старо возило, веднаш до влезот во Токсикологија, спијат луѓе. Влезот во Интерно е како од хорор филмовите. Се качуваме по скали, само за да утврдиме дека на вториот кат скалите се блокирани од стари профили, искршен мебел, отпад. Грешка, не е тоа. Назад по темните и валкани скали. По вториот обид, успеваме да ја најдеме Клиниката. Гробна тишина и смрдеа. Излупени ѕидови. Како во научно-фантастичните филмови блеска новата врата на Неврологија, нестварно, во мрачниот и валкан амбиент. Како потсетник дека може поинаку.

Ѕвониме. Ни отвора болничарката, поспана. Нѐ упатува во амбулантата. Не чекаме долго, но веднаш паѓа в очи старата опрема, како од црно-белите филмови, мебелот пред распаѓање и пеперутките. Десетина пеперутки, сиви, со темни рабови по крилцата се распоредени по ѕидовите, а неколку летаат. Две беа на стариот под, превртени, мртви. Прегледот траеше кратко и сѐ се задржа на дијагнозата и извештајот на дежурната докторка во Детска. На излегување од Интерно, забележувам една мачка како излегува од клиниката. Бавно, мрзеливо, како по дома.

Во нешто пред 5 часот наутро во центарот на градот работат две аптеки. Платив за лекарствата приватно, 700 и нешто денари. Само матичен може да препише рецепти за лекови со учество на Фондот за здравство. Ако е ноќ, празник или викенд се плаќа целиот износ. Јас имав пари овој пат. Што ќе беше ако немав? Што е со сите оние што минатата ноќ немале пари, а имале итна потреба од лекови?

Кога стасавме дома, долго ги триеме рацете со сапун. Грдо искуство, многу грдо. А ова е сторија што е на самата површина. Знам за трагични искуства, самиот имам трагични искуства со македонското здравство речиси три децении.

Нема да напишам што точно ми е на врвот на јазикот во овој момент.

На Министерот за здравство му посакувам успешен работен ден. И многу здравје на сите мои сограѓанки и сограѓани, за да не мораат да си имаат работа со македонското здравство.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“ на 7 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Share197Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ