• Latest

Најризични групи што страдаат од кардиоваскуларни заболувања

June 27, 2019

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Најризични групи што страдаат од кардиоваскуларни заболувања

Во оваа статија прочитајте за македонската стратегија за здравството, напишана со помош на врвен германски експерт, истражувањата на научните тимови и за најризичните групи кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања

June 27, 2019 10:00
in САТИРА
Share on FacebookShare on Twitter

Идентификацијата на современите предизвици на здравјето истовремено бара стратегиско размислување и високо координирана акција. Затоа, Стратегијата на Република Северна Македонија за здравје до 2020 година, под наслов „Сите заедно за здравје за секого“, усогласена со Европската стратегија „Здравје 2020“ треба да е најзначајниот документ кој ќе даде поддршка на акцијата во нашата земја. Во изработката на овој стратешки документ се вклучија сите политички партии, а особено голема поддршка, во духот на политичкиот дијалог, дадоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и партиската комисија за развој на здравството и хортикултурата.

Важно е да се нагласи дека Националната стратегијата за здравје до 2020 година е во целосна хармонија со Стратегијата за едно општество за сите, како и со Стратегијата за пошумување на пастрмката што се во надлежност на ДУИ.

За развој на овие стратегии (за здравје, едно општество и пошумување на пастрмките) се планираат значајни буџетски средства, а доколку е потребно, ќе се побараат донации и кредити од странство. По потреба, ќе се одложи и исплатата на државните субвенции за изградба на хотелскиот ланец „Џамадан хотелс“ на турскиот бизнисмен со руско-албанско потекло, Шемшир Чешитоглу. За финансиските аспекти, се погрижија врвни експерти по економија и развој, меѓу кои и еден унгарски државјанин со античко македонско потекло.

Важен дел од овие стратешки документи, секако, е создавањето услови за интензивирање на борбата против кардиоваскуларните заболувања. Мешовитата Комисија за малигни прашања при Агенцијата за ископување руди и производство на бело сирење, дојде до заклучок, што произлегува од долгогодишната макотрпна работа на научните тимови при МАНУ и Државната комисија за спречување на дискриминацијата. Тие дојдоа до неколку значајни заеднички заклучоци во научната студија под наслов „Ризични групи за кардиоваскуларни заболувања“ во издание на Издавачката група „Сѐ, само СЈО не“ со седиште во Валандово, а финансирана од Бирото за развој на образованието, со техничка поддршка од неформалната група „Обединети министри без портфељ“.

Споменатите, а уште повеќе неспоменатите стратегии, идентификуваат нови системи на партнерства за соработка и настојуваат да воспостават иновативен пристап за социјална мобилизација за правичен, одржлив и одговорен развој на здравјето.

„Современото време во кое живееме се карактеризира со зголемена меѓузависност на глобално, регионално, национално и локално ниво и растечка комплексност на меѓусебно поврзаните фактори коишто влијаат врз здравјето и благосостојбата на населението“ – вели д-р Шендет Ахмети, рамковен директор на Истражувачкиот центар за онкологија и астрологија во село Ласкарци, еден од најекспонираните експерти во оваа многубројна научна екипа, инаку во селото познат и како одличен голман на мали голчиња.

Како да му ги чита мислите, на него се надоврзува и д-р Здравкица Милошоска (како поинаку да се вика, ви се молам?), долгогодишна директорка на планираната, само што не се изградила, Клиника за кардиологија и сушење алишта во општина Долнени, па вели: „Интеграцијата на многу различни сектори кои влијаат врз здравјето (социјалните и еколошките детерминанти на здравјето, здравствената заштита, итн.) има за цел да овозможи подобра средина за постигнување здравје и добросостојба. Оттука, ова претставува апсолутен предизвик за секоја земја.“ – со право заклучува д-р Милошоска.

„По!“ – се надоврзува д-р Ахмети – „Брзиот развој на здравствената технологија и научните сознанија, сè поголемата информираност и здравствена писменост на населението, стареењето на населението, интензивниот начин на живот и континурано растечките здравствени потреби, го карактеризираат нашето општество и во исто време претставуваат и можности и предизвици за здравјето.“

Во текот на нашиот разговор во чајџилницата „Миликије“ во Арачиново, познатите експерти, д-р Ахмети и д-р Милошоска, речиси во ист глас, со различен нагласок, ни изјавија: „Кардиоваскуларните болести претставуваат голема, хетерогена група на заболувања и водечка причина за смрт во Република Македонија. Затоа, визијата на Република Северна Македонија е: До 2020 година, Република Северна Македонија е Вериут ќе биде земја во која здравјето и добросостојбата на населението ќе бидат значително подобрени, здравствените нееднаквости намалени, јавното здравје зајакнато со обезбеден универзален, правичен, одржлив и високо квалитетен здравствен систем ориентиран кон луѓето, како придонес и придобивка од социјалниот и економскиот развој на земјата.“

Според научната здравствена јавност, предизвиците, сепак, доаѓаат од кардиоваскуларните заболувања од кои највисок ризик е утврден кај лица со сопствено мислење. На здравје.

Александар М. Арнаудов – Роки
Со благодарност за стручната помош од д-р Удо Бринкман, Шварцвалд Клиник, кој љубезно ја отстапи насловната фотографија за оваа статија.

Share37TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ