• Latest

Намален бројот на жалби до Советот за етика во медиумите на Македонија

January 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Намален бројот на жалби до Советот за етика во медиумите на Македонија

Тоа не значи дека колегите во медиумите пишуваат содржини во своите текстови, кои можат да се толкуваат како говор на омраза. Туку не секогаш ги модерираат коментарите на социјалните мрежи, што е еден од проблемите кој се провлекува неколку години, рече Георгиевска.

January 21, 2025 14:07
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

За една третина се намалиле жалбите до Комисијата за жалбите на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), или во 2024 година пристигнале вкупно 84, беше истакнато на денешната прес-конференција на СЕММ. Претседателката на СЕММ, Билјана Георгиевска рече дека бројките покажуваат оти помалку граѓани во 2024 година имале порив да поднесат жалба до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) за несоодветни содржини во медиумите.

-Бројките покажуваат дека најголем дел од жалбите се однесуваат на онлајн медиумите, колку и да се лутат сопствениците на онлјан медиумите. Бројките покажуваат дека и понатаму најголем предизвик за новинарите претставува членот број 1 од Кодексот на новинарите на Македонија, односно точно, балансирано и проверено известување, информации и факти, проверени од што е можно повеќе страни, најмалку уште една или какошто велиме втората страна, вели Георгиевска.

Таа истакна дека на второ место е прекршувањето на членот 10, односно ширење на говор на омраза.

-Тоа не значи дека колегите во медиумите пишуваат содржини во своите текстови, кои можат да се толкуваат како говор на омраза. Туку не секогаш ги модерираат коментарите на социјалните мрежи, што е еден од проблемите кој се провлекува неколку години, рече Георгиевска.

Претседателката на Комисијата за жалби при СЕММ, Снежана Трпевска смета дека бројките на жалби кои пристигнале до нив не е одраз на реалната состојба, но сепак е индикација за видовите на прекршување што најчесто ги прават медиумите.

-Од вкупниот примен број на жалби за 25 не сме започнале постапка, бидејќи за дел не сме биле надлежни како Комисија, а за некои други жалби подносителот во дополнителната проверка не ја потврдил жалбата, или се предомислил. Но, во секој случај 25 жалби дополнително пристигнале до Комисијата. Значи Комисијата започнала постапка за вкупно 59 жалби, од кои пет завршиле со помирување меѓу жалителот и медиумот, а во 21 жалба утврдила дека нема прекршување, во 33 медиумите направиле едно или повеќе прекршувања на Кодексот или на насоките за етичко известување, изјави Трпевска.

Посочува дека во 56% од жалбите, односно предметите имаат утврдено некакво прекршување, доминираат онлајн медиумите, а телевизиите и радијата кои се подложни на законска регулација се повеќе свесни за можните прекршувања и затоа и помалку ги прават. Во 2024 година има повеќе жалби од носителите на јавни фукнции, а повеќе жалби се од локалната власт во Скопје. Претседателката на СЕММ, Георгиевска рече дека новинарите во овие случаи велат дека немаат навремени информации од локалната власт.

-Кога постои нерамнотежа можеби повнимателно треба да ги следиме овие случаи и да видиме каков тек ќе имаат. Има уште нешто необично оваа година добиваме се повеќе лажни жалби од лица кои лажно се претставуваат, ги користат дури и јавните институции со високо значење, како МАНУ, како Уставниот суд, сега имаме од наводно највисоката позиција во државата. Меѓутоа ние се уште не знаеме како тоа да го решиме, како да постапуваме. Јасно е дека некој го злоупотребува Советот за етика можеби за некои свои цели. Во иднина ќе се обидеме да побараме помош и да утврдиме од каде потекнуваат овие лажни пријави, рече Георгиевска.

Леунора Калиќи претседателка на Управниот одбор на СЕММ истакна дека треба новинарската фела да биде горда на ова тело, како и на работата на Комисијата за жалби при СЕММ и на сите кои го подржуваат процесот на саморегулацијата.

-Како новинарска фела покажуваме дека сме способни да бидеме самокритични, што е основа за кредибилитет и интегритет во нашата работа, да се биде самокритечен е да се препознае одговорноста кон јавноста, но и да се демонстрира и посветеност кон професионалните и етички стандарди. Статистиките коишто ќе ги презентираме денеска не се само бројки, тие се индикатор на тоа како работи, како дејствува и каков е медиумскиот пејзаж во нашата земја, вели Калиќи.

Таа истакна дека сепак бројките на официјални поплаки не ја опишуваат реалната слика на терен, бидејќи дел од прекршувањата не се и официјално регистрирани. Калиќи смета дека намалениот број на поплаки може да се објаснат со активностите околу изборниот процес и другите општествени процеси. Но, какошто вели медиумите не остануваат рамнодушни на одлуките на Комисијата за жалби, а едно од жалбите на СЕММ е решавање на одлуките преку медијација,  а која е какошто вели важен инструмент за корекција и соработка наместо за конфротација. вдј/аа/

Фото: МИА

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ