• Latest

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

На денешен ден во 1939 година: Сталиновиот СССР ја нападна Полска од исток

September 17, 2026
Миколајив, 16 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Петмина загинати во напад врз автобус во Никополскиот реон, нападнат и возот Кијив-Миколајив – која е целта на нападите врз јавниот превоз?

September 16, 2026

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026

Кога граѓанинот стана непријател на демократијата?

September 16, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Демократија или право на самоволие?

September 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025 03:34
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава од неофицијален отворен разузнавачки профил, во која се тврди дека подземниот ирански нуклеарен објект Фордо бил уништен (Fordo is gone).

Фордо е подземен објект за збогатување ураниум, сместен на длабочина од околу 90 метри, и се смета за клучна точка на иранската нуклеарна програма. Објектот се најде во фокусот на актуелната, десетдневна размена на ракетен и дронски оган меѓу Иран и Израел.

Според извештаите, стелт-бомбардери B-2 Spirit од американската воздухопловна база Вајтман, Мисури, вчера исфрлиле бомби од типот GBU-57 – познати како Massive Ordnance Penetrator (MOP) – на повеќе цели, вклучително и Фордо.

By USAF – www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранските државни медиуми потврдија дека нуклеарните објекти Исфахан, Натанц и Фордо биле нападнати од „непријателски удари“. Според иранскиот државен радиодифузер IRIB, објектите, заедно со залихите од збогатен ураниум, биле евакуирани пред нападите.

CBS News, повикувајќи се на неименувани извори, јавува дека САД испратиле порака до Иран по вечерешните напади, нагласувајќи дека ударите биле ограничени само на нуклеарната програма на Исламската Република и дека Вашингтон не се стреми кон промена на режимот.

Истото го пренесе и профилот Нов Иран на социјалната мрежа Редит.

Според Times of Israel, американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со новинарот Барак Равид изјавил: „Имавме голем успех вечерва. Вашиот Израел сега е многу побезбеден.“

За помалку од 48 часа, од „прозорец за дипломатија“ до бомбардирање

20 јуни 2025
Претседателот Трамп објави двонеделен „прозорец за дипломатија“, најавувајќи дека одлуката за можна воена акција против Иран ќе биде донесена во тој период за да се овозможат преговори.

21 јуни 2025
Спротивно на најавениот дипломатски прозорец, Трамп нареди воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти: Фордо, Натанц и Исфахан. Во операцијата се ангажирани стелт-бомбардери B-2, кои испорачаа пробивачки бомби врз силно утврдениот објект Фордо. Трамп на својата социјална мрежа ја нарече мисијата „многу успешен напад“ и наведе дека сите американски авиони безбедно ја напуштиле иранската воздушна зона.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Исфахан. Сите авиони сега се надвор од воздушниот простор на Иран. Цел товар БОМБИ беше фрлен на примарната локација, Фордоу. Сите авиони се безбедно на пат кон дома. Честитки до нашите големи американски воини. Нема друга војска во светот што можеше да го стори ова. СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА МИР! Ви благодариме за вниманието кон ова прашање“, објави Трамп.

22 јуни 2025
Иран ги осуди нападите и најави одмазда, предупредувајќи на можноста за ескалација во поширок конфликт. Меѓународната заедница веднаш реагираше со изрази на загриженост поради брзата ескалација на ситуацијата.

Во 22 часот по локално време во Вашингтон, Трамп даде изјава за јавноста.

За каква бомба се работи?

GBU‑57 A/B „Massive Ordnance Penetrator“ е најголемата конвенционална бомба за пробивање подземни бункери во арсеналот на САД — тежи околу 13.600 килограми, има GPS/INS наведување, и може да пробие до 60 м под земја или 18-метарски армиран бетон, пред да експлодира внатре во закопаната цел.

GBU-57 (By U.S. Air Force, Wikipedia)

Во моментов, оваа „супер-бомба“ може да ја носи само B‑2 Spirit бомбардерот, а е специјално конструирана за уништување на длабоко подземни објекти како што е нуклеарниот комплекс Фордо во Иран. 

Прецизното водење на овие моќни бомби се врши преку сателитска навигација. Бомбата се исфрла од голема надморска височина – обично 50.000 стапки (15.240 метри) – што ѝ дава огромна кинетичка енергија.

Специјално зацврстено надворешно куќиште ја одржува структурната целовитост на бомбата при удар, така што експлозијата доаѓа со задоцнување потребно да предизвика разурнување на потребната длабочина, а не при првиот контакт со целта.

Подготви: Џ. Д.


📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ