• Latest
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025 11:08
in ПОЛИТИКА, САТИРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Креирано со помош на ВИ

Фото: Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Колку и да не е вистина, нека звучи убаво. Кажи ѝ го на рајата она што сака да го слушне. Некои ова го викаат популизам, но што да прави вицепремиерот Александар Николоски кога вакви алегории му се јавуваат насон. И откако ќе се разбуди утоп мокар, истите решава да ни ги раскаже. А можеби преку сонот ја гледа иднината која допрва ќе се оствари, или пак преку сонот отвара некој прозорец од паралелна димензија, дистопија во која Македонија повторно е цела, и економски лидер во Европа и светот, а не на четврто место како што му се сонило на Мицко.

Во последното споделување на своите в(л)ажни сновиденија со јавноста, Николоски објави дека за време на неговиот престој во Лондон, околу 20 мај, сериозно разговарал со некого (!?),  Велика Британија да ослободи три категории на граѓани од вадење визи, што ќе покрие околу 80 проценти од населението.

Оние кои бараат влакно во јајцето, реагираа дека неговата објава се коси со изјавата на амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон, кој во ексклузивно интервју за еден портал на 16 јуни, признава дека постои силен интерес за визна либерализација од македонските граѓани, но објасни дека миграцијата е врвен приоритет за британските гласачи и дека во моментот не постојат услови за олеснување.

Па добро бре луѓе, човекот ви го раскажа толкувањето на својот сон кој го имал за време на престојот во Лондон, за кој верува дека може да се оствари.

Подолг период видовитоста на Николоски канализирана преку неговите соништа, останува непризнаена. Исто како кога во 2022 година, при гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа,  Николоски се пофали дека испратил суштински битни пораки за земјава во Стразбур и дека за тоа бил награден со аплауз од скоро цела сала.

И веднаш му извадија снимки од Стразбур покажуваат дека по говорот на Николоски не следи никаков аплауз во полупразната сала, туку само едно незаинтересирано „Благодарам, Александар“ од спикерот, не знаејќи дека сето тоа Николоски го видел додека сонувал со отворени очи за време на седницата, а самиот говор го држел додека бил во состојба некаде помеѓу сонот и јавето.

Сонот на Николоски не успеаја правилно да го протолкуваат нити Чешка и Словачка пред четири години, кога излегоа со демант на неговата изјавата дека тој и ВМРО-ДПМНЕ дека работеле со државите од Вишеградската група за да се спречи условот историја да влезе во заклучоците на ЕУ. Еве, доказ дека на Николоски му се остваруваат соништата е што и денес тој и партијата се уште  спречуваат условот историја, или било кој друг услов да влезе во заклучоците на ЕУ, спречувајќи воопшто да дојде до отворање на преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ.

И последново, кога му замерија за изјавата дека ја „следи трасата ( за брзата пруга) работена во поранешна Југославија, буквално во времето на Тито, 1878 година“, прогласувајќи го за аналфабет, а тој само им посочи еден друг тек на историјата, различен од онаа на која ги учеа комуњарите, на која предупреди и Џон Крокодилов во изјава за К15 дека Гоце и Даме 1903 биле кај Тито да му бараат независна Македонија, а овој ги одбил.

Цццц, уште ве лажат комуњарите.

Николоски е момче охриѓанче, а во Охрид има една стара изрека: „Ај мор не кажвај сониња.“

Зиги Фројдовски, професионален толкувач на сонови


Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ