Истражувањето на Обединетите нации покажува дека најмалку 15 милиони девојки на возраст од 13 до 19 години се принудувани на секс во текот на секоја година, но многу мал број од нив бараат помош и заштита. Според истражувањето спроведено од УНИЦЕФ, највисоката стапка на овој вид сексуално насилство е забележана во Камерун, објави МИА.
Други држави кои се посочени во извештајот се Доминиканската Република, каде е развиена секс-туризмот, и Филипините, каде постои праксата за сексуално малтретирање преку интернет.
Според УНИЦЕФ, распространетото сексуално насилство врз девојките – тинејџери го попречува постигнувањето на целите за одржлив развој на ОН, во кои е предвидено воспоставување на родова еднаквост до 2030 година. Само една од стотина сексуално малтретирани девојки побарале помош откако биле нападнати.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.