• Latest

Наместо да превенира насилство, новиот Закон за полиција го загрозува пристапот до заштита и превенција

March 3, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Наместо да превенира насилство, новиот Закон за полиција го загрозува пристапот до заштита и превенција

March 3, 2025 15:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Промените во идеолошките позиции на најсилните играчи на глобалната сцена, политиката на вооружување и  засилувањето на алт-десницата резултираат со социјални промени и на микро-ниво, онаму каде што најмалку ги очекувате. Истовремено, создаваат и контекст во кој извесни промени на законски регулативи – кои се во суштина погрешни и ризични – ќе поминат прилично глатко.

Така, во декември 2024 година, поднесен е предлог за изменување и дополнување на Законот за полиција во РСМ. Како и обично, „Ѓаволот е во деталите“ или, подобро кажано, во крупните промени што навидум личат на детали, објави Либертас.

Имено, досегашниот  Закон за полиција ги содржи Членот 31 и 31-а кои гласат (Слика 1):

Член 31
    • (1) Полицискиот службеник е овластен да носи оружје и други средства за присилба.
    • (2) Оружјето од ставот (1) на овој член со муницијата, времено ќе му биде одземено на полицискиот службеник за кој е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, до правосилноста на одлуката во кривичната односно прекршочната постапка.
    • (3) На полицискиот службеник времено ќе му се одземе оружјето од ставот (1) на овој член со муницијата, кога Министерството ќе добие известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, до правосилноста на одлуката на надлежниот суд за привремена мерка за заштита.
    • (4) Одземањето на оружјето и муницијата од ставовите (2) и (3) на овој член, трае до завршувањето на постапката која последна ќе заврши со правосилна одлука.
Член 31-а:
    • (1) Полицискиот службеник за кој е поведена постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, односно за кој е добиено известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, раководителот на организациската единица во која работи го упатува на задолжителен психијатриски и психолошки преглед односно советување со психолог (психолошко советување).
    • (2) Наодот од психијатрискиот и психолошкиот преглед, односно советувањето со психолог (психолошко советување) со задолжителен наод и мислење за способноста на полицискиот службеник да биде распореден на работно место со овластување за носење и употреба на службено оружје, се доставува до Министерството.

Слика 1: Членовите 31 и 31-а од постоечкиот Закон за полиција

Според Член 7 од Предлогот за изменување и дополнување, горенаведениот Член 31 би требало да биде променет и да гласи (Слика 2):

    • Полицискиот службеник е овластен да носи оружје и други средства за присилба.
    • Во случај кога е пријавено односно кога е добиено сознание за сторено кривично дело со употреба на оружје од страна на полициски службеник, организациската единица надлежна за внатрешна контрола во Министерството презема мерки согласно закон и изготвува извештај во кој се произнесува во однос на прашањето дали е потребно времено да се одземе од полицискиот службеник службеното оружје и муницијата.
    • Во случај на времено одземање на оружјето и муницијата од ставот 2 на овој член, полицискиот службеник времено се распоредува на соодветно работно место во Министерството без овластување за носење и употреба на службено оружје.

Слика 2: Член 7 од Предлог законот за полиција

Одземањето на оружјето и муницијата трае до правосилноста на одлуката донесена во постапката која се водела против тој полициски службеник за кривичното дело поради кое му е одземено оружјето.

Дополнително, Член 8 од Предлог законот гласи: Членот 31-а се брише.

Додека согласно актуелниот закон, оружјето и муницијата му се одземаа времено на полицискиот службеник за кој е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, сега се предлага оружјето да се одземе доколку кривичното дело е сторено со употреба на тоа оружје.

Понатаму, согласно актуелниот закон, кога Министерството ќе добие известување од надлежниот Центар за социјална работа дека полицискиот службеник извршил семејно насилство, времено му се одземаат оружјето имуницијата до правосилноста на одлуката на надлежниот суд за привремена мерка за заштита. Но, со промените кои се предлагаат, „семејното насилство“ (а со тоа и „социјалните центри“) потполно се отстранува како дополнителна околност и се појавува „внатрешна контрола на министерството“ или комисија која изготвува извештај во однос на прашањето дали на колегата/колешката треба времено да му/ѝ се одземе оружјето. Полицискиот службеник дополнително се прераспределува на соодветно работно место без овластување за носење и употреба на оружје.

Членот 31-а, пак, во кој се споменуваат „семејното насилство“ како посебна категорија, “социјалните центри“ и психолошкото и „псхијатриско советување“ потполно се брише.

Ваквите предлог промени се исклучително вознемирувачки имајќи предвид дека ги релативизираат вербалното и психичкото насилство, како и физичкото насилство кое не е сторено со оружје. Покрај отстранувањето на „семејното насилство“ од Законот, ваквата легислатива е дополнително ризична за жртвите на семејно насилство бидејќи не предвидува превенција на насилство сторено со оружје и муниција, туку иронично подразбира оружјето да се одземе ОТКАКО ќе биде извршено насилство. Ова е потполно спротивно на глобалните политики за превенција на фемициди и родово-базирано насилство, и воопшто на превенцијата на било какво насилство (и можни смртни последици).

Сара Миленковска, истражувачка и проектна координаторка во Коалиција Маргини, смета дека ваквата промена би дала зелено светло за насилство и јасна порака дека жртвите кои не се безбедни дома, нема да бидат безбедни ни кога би пријавиле во полиција бидејќи полицијата секогаш ќе си ги штити „своите“:

„Во време кога родово-основано насилство станува норма во секојдневието и медиумите, со сегашниот Предлог закон за полицијата сѐ повеќе активно се ограничуваат механизмите за пријава, заштита и превенција. Целосното бришење на досегашните одредби кои предвидуваа одземање на оружјето на полицаец сторител на семејно насилство, и задолжителното психијатриско и психолошко советување за сторителот, со цел проценка на способноста за употреба на огнено оружје од страна на полицискиот службеник, создава простор за дополнителна ранливост на жртвите од насилство. Односно, не само што се креира простор за насилство, туку оваа промена придонесува и кон веќепостоечката култура на неказнивост. Речиси секогаш кога ќе се извести за уште еден фемицид, коментарот гласи: Како дојдовме до ова? Е, па, токму оваа промена на законот е она што им овозможува и ги поттикнува насилниците-полицајци да не се плашат од законот, да не бидат казнети и да поседуваат оружје што можат да го користат и како алатка за заплашување и за вршење на семејно насилство. Додека сите меѓународни конвенции и стандарди препорачуваат зајакнување на законите со цел да се заштитат жртвите од насилство, со овој чекор се прави уназадување на механизмите на заштита и креирање на некоја форма на одговорност. Ваквите промени, ја ставаат моќта во рацете на насилниците наместо да им ја одземат,“ смета Миленковска.

Маја Атанасовска од Здружението на млади правници, пак, објаснува дека согласно информациите достапни на ЕНЕР, измените во Законот за полиција се вршат за законот да се усогласи со Законот за внатрешни работи. Законот за внатрешни работи не го уредува процесот на одземање на службено оружје до правосилност на пресуда, но го уредува процесот на психолошко советување на сторител на семејно насилство:

„Сакаме да апелираме дека при усогласување на законите, мора да се внимава во законот да се остави траг – односно да се потенцира согласно кој закон ќе се регулира одредено прашање. Исто така, неопходно е да се внимава да не се носат одредби кои се косат со одредбите од други закони кои се на сила. Во спротивност, креираме правна несигурност при спроведување на законот,“ објаснува Атанасовска.

Таа потенцира дека од правен аспект, измената на членот 31 е од суштинско значење од неколку аспекти:

„Сметаме дека измените не се направени во духот на потребите на жртвите на семејно насилство, а исто така и спротивно на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Согласно овој закон, во случај на насилство врз жени или семејно насилство, доколку сторителот има оружје, полицискиот службеник веднаш го одзема оружјето, со цел да се превенира идно несакано дејство. Измените во законот за полиција го ставаат полицискиот службеник – сторител на семејно насилство во повластена положба во однос на другите сторители, бидејќи оружјето нема да се одземе веднаш, туку ќе се цени, како и за секое друго насилство, дали било спроведено со огнено оружје и дали постои потреба да се одземе оружјето. Дополнително, Центарот за социјални работи има законска обврска, согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, да го извести МВР доколку сторителот е полициски службеник, или друго вработено лице со службено оружје. Оттука, сметаме дека оваа одредба апсолутно не смее да се избрише.

Што се однесува до членот 31-а од Законот за полиција, истиот овој член постои и во Законот за внатрешни работи (член 155-а). Членот, заедно со членот 31 дава една целина за постапување во случај кога имаме сторител полициски службеник, и упатува дека сторителот ќе добие соодветно советување пред да го добие назад службеното оружје. Оттука, сметаме дека е најдобро истата да не се избрише од овој закон. Сепак, имајќи предвид дека одредбата во Законот за внатрешни работи останува, обврската за постапување останува, бидејќи во Законот за полиција се наведува дека за сѐ што не е регулирано со овој закон, ќе се применуваат одредбите од Законот за внатрешни работи. Но сметаме дека ќе биде многу подобро, многу попрегледно и покорисно доколку, наместо да се избрише целата постапка, се остави една одредба која укажува дека сторителот- полициски службеник ќе биде упатен на психолошко советување согласно член 155-а од Законот за внатрешни работи,“ образложува Атанасовска.

Најпосле, важно е да се потенцира дека сето ова се случува во контекст во кој полициски службеници во повеќе наврати се пријавувани за семејно и родово базирано насилство. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изрази длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција и итно повлекување на истите, потенцирајќи дека овие измени воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите:

„Наместо итна и недвосмислена заштита, тие добиваат неизвесност, дополнителен товар да го докажуваат сопственото страдање и чувство дека институциите повеќе се грижат за правата на сторителот отколку за нивната безбедност … Ова не е само законска измена, туку порака дека жртвата мора да се бори на два фронта – против насилникот и против институциите што треба да ја заштитат, но сега ѝ наметнуваат дополнителни бариери. Наместо да почувствува сигурност, на жртвата ѝ се вели дека нејзиниот збор не е доволен, дека дури и ако преживее насилство, ќе мора да се докаже како „доволно загрозена“ за да добие заштита. На овој начин, законот наместо да биде нејзиниот штит, станува уште една пречка што ќе мора да ја надмине за да преживее.“

Во светло на вакви предлог закони, се потврдува впечатокот на активист(к)ите за родова еднаквост дека полицијата, државата и институциите одбиваат да бидат нивни соборци во борбата против родово заснованото насилство, но и дека дополнително ги доведуваат под ризик и онака ранливите категории.

При пишувањето на оваа реакција, се обративме до МВР со прашање за аргументите позади ваквите предлози и целта поради која би се вовеле тие промени во Законот за полиција. До моментот на објавување на овој текст од таму не стигна никаков одговор.

(ПРОДОЛЖУВА)

Извор: Либертас

фото: Д. Муратов / ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ