• Latest

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025 13:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна и упати конкретни барања до институциите за итно дејствување.

Тој истакна дека ваквите кризни настани бараат одговорна, транспарентна и координирана реакција, а не политички спинови и конфузни пораки, наведува СДСМ во соопштението.

„Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, но и да бидат заштитени од државата. Тоа е нивно основно човеково право, а должност на институциите е да им го обезбедат“, посочува Филипче.

Тој потенцираше дека одговорноста не завршува со гаснење на пожарот, туку дури почнува со справувањето со последиците, кои како што рече можат да бидат долгорочни и опасни по здравјето.

„Јавно барам да се овозможи медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови“, изјави тој.

Дополнително, побара и лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата со јасен фокус на диоксини, тешки метали и HF остатоци, но подвлече дека тие резултати мора да бидат транспарентно објавени.

Филипче посочи и на потребата од обезбедување психолошка поддршка за жителите и пожарникарите кои биле на лице место.

„Не можеме како држава да ги оставиме сами со траумата“, нагласи тој.

Претседателот на СДСМ укажа дека воспоставената безбедносна зона од 400 метри е недоволна, и предложи таа да биде проширена на периметар од 500 до 2.000 метри. Во тој радиус, рече тој, мора да се воспостави јасен протокол кој ќе вклучува затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движењето, како и активирање на јавен систем за предупредување преку СМС пораки и локални медиуми.

„Очекувам да бидат поставени мобилни мерни станици кои ќе го мерат загадувањето во реално време, особено по правците на ветерот“, додаде Филипче.

Тој исто така предупреди на потребата од долгорочно следење на квалитетот на почвата и водата, информирање на населението дали може да ги користи земјоделските производи, како и дали ќе биде потребна дезинфекција на јавни површини.

На крајот, побара целосна истрага за причините за пожарот.

„Потребна е истрага за тоа што точно се случи, зошто немало контрола, каде затаиле протоколите и кој ќе понесе одговорност“, рече Филипче, потенцирајќи дека „наместо конфузни изјави и политички спинови, луѓето очекуваат одговори и решенија“.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ