• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (2 дел)

September 4, 2020

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (2 дел)

September 4, 2020 13:06
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

(продолжение од 1 дел)

Црната пропаганда и „бомбите“ „носители“ во кампања, резултат:  помалку гласачи

Како важен „столб“ на црната кампања на овие избори несомнено треба да се истакнат и снимките од прислушувани разговори за повеќе субјекти што се натпреваруваат на изборите. Секојдневно, јавноста се „бомбардира“ со снимени разговори на една, друга или трета страна, лидер, политичар во изборната трка, а снимките се без јавен извор и „автор“.  Индикативно е и тоа што речиси веднаш откако беа објавувани, најчесто се споделуваа од неколку портали одеднаш, со речиси идентични наслови, реченични конструкции и „дообјаснувања“ на содржината.

Цел на објавите, очигледно, беше да се дискредитираат главните протагонисти во снимените разговори, лидерите на двете најголеми политички партии, Заев и Мицкоски, и тоа на тема на која очигледно јавноста покажа најголеми очекувања но и разочарувања, борбата против корупцијата и криминалот и независноста на судско-обвинителскиот систем.

Според она што е изложено во нив, разговорите се снимени  во претходните две до три  години. Во неколкуте снимки на кои се слуша Заев, се говори за одредени случаи и случувања во СЈО, правосудството и политиката, Шарената револуција, одредена политичка групација на Албанците… Снимките, пак, во кои се слуша гласот на Мицкоски, содржат разговор за соработка со осудениот бизнисмен Зоран Милески, за кого претходно лидерот на ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека не се сретнале, или признание дека осомничениот бизнисмен Камчев финансирал дел од долговите на партијата.

Овие нелегално снимени разговори беа искористени од партиските војски за меѓусебни пресметки и дискредитации. Но, најголем дел од содржината е прилично нерелевантна и, освен за начинот на кој се води политика на овие простори, не открива незаконски постапки ниту загрозување на јавниот интерес, па се добива впечаток дека тие повеќе служат за естрадизација на кампањата, што делумно резултира со заситување па и одбивност на јавноста кон вакви „бомби“.

Но, и овие „бомби“ кои навидум имаа театарски ефект како „муниција“  за партиските војски и нивните „пресметки“, сепак, тие, заедно со енормните количества омраза, очекувано придонесоа за создадавање на ефект на обесхрабрување кај дел од општеството и гласачите,  поради создавање на впечаток на општа корумпираност но и неказнивост на сите политичари и валканоста на професијата како таква.

Освен тоа, со снимките, продолжи да се релативизира одговорноста за далеку посериозни „бомби“ слушнати од јавноста претходните години, а за кои се уште нема правна разврска, како и за бројните опструкции и удари на патот за ослободување на правосудството од политички влијанија.   Овој наратив, во отсуство на валидни медиумски анализи на понудата, послужи за дури и валканите, радикалните и авторитарните опции да се прикажат како решение, или, во најмала рака, барем еднакво „валкани“ со другите.

Во атмосфера каде секој секого снима и објавува, а не се знае кој е авторот ниту дали ќе има одговорност,  дали некој е помалку или повеќе валкан, или воопшто не но е оцрнуван неоправдано, веќе не е важно. Резултатот од над 100.000 гласови помалку кај двете водечки коалиции, очигледно, не беше само резултат на стравот од пандемијата.

Прочитајте го и првиот дел од анализата.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа.
Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ.
Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ