• Latest

Народен правобранител до МОН: На сите ученици да им се обезбедат услови за дигитализација на наставата

August 7, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Народен правобранител до МОН: На сите ученици да им се обезбедат услови за дигитализација на наставата

Влијанието на пандемијата од Ковид-19 врз наставата генерално, многу е веројатно да има долгорочни последици, особено врз најранливите и маргинализираните ученици, како што се учениците со попреченост, Ромите, мигрантите, бегалците...

August 7, 2020 11:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на Народниот правобранител, Васка Бајрамова Мустафа упати мислење до Министерството за образование и наука во кое истакнува дека императив за надлежните е да ги остварат сите предуслови за дигитализација на наставата, но при тоа таа да биде достапна за сите ученици.

Таа во својот допис укажува дека не треба да се занемарат учениците кои имаат проблеми да се адаптираат на учењето од далечина, поради недостатокот или целосната оневозможеност да пристапат до онлајн платформите за учење, односно од причина што немаат технички средства и интернет конекција за комуникацијата со своите наставници.

„Влијанието на пандемијата од Ковид-19 врз наставата генерално, многу е веројатно да има долгорочни последици, особено врз најранливите и маргинализираните ученици, како што се учениците со попреченост, Ромите, мигрантите, бегалците, и во овие новонастанати услови уште повеќе се видливи веќе постоечките проблеми во наставата кои овие ученици и онака ги имаат, па следствено треба да се преземат соодветни мерки“, порачува Бајрамова Мустафова.

Во мислењето се забележува дека Народниот правобранител е запознаен дека образовните институции не биле целосно подготвени за далечинско учење, особено во почетокот на Корона кризата, а притоа, најпогодени од состојбата биле учениците, особено оние во руралните средини, учениците од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.

„Имено, сите ученици немаа пристап до потребната технологија, средства и интернет за реализација на зададените задачи од страна на наставниците, а не ја добиваа на исто ниво ниту поддршката за совладување на материјалот, што дополнително води до нееднаквност и неможност за целосно вклучување во процесот на учење и совладување на знаења, умеења и вештини“, стои во мислењето.

Покрај ова, оттаму забележуваат дека училиштата и наставниците не добиле унифициран систем, издржана платформа преку која секојдневно ќе комуницираат со учениците и ќе ја реализираат наставата.

„Имено, кон крајот на март со појавувањето на платформата за далечинско учење Едуино се забележаа низа пропусти на самата платформа, првенствено поради тоа што повторно стануваше збор за еднонасочно предавање на материјалот преку кратки видеа подготвени од малкумина наставници-ентузијасти, при што многу теми се повторуваа, а истовремено одредени теми воопшто не беа обработени, па дури и недостигаа цели наставнипредмети. Имајќи ги предвид реакциите и забелешките на родителите и учениците, прозилегува дека платформата Едуино не беше системско решение кое беше општоважечко и обврзувачко за секое училиште, односно за секој ученик“, се вели во мислењето на Народниот правобранител.

Дополнителни проблеми биле преобемниот наставен материјал кој самите ученици, помогнати од нивните родители требале да го совладаат, онлајн оценувањето, немањето на соодветни инструкции од страна на ресорното министерство до наставниот кадар и стручните служби во училишта како да ги поддржат учениците кои се соочуваа со низа негативни психолошки ефекти, поради што за дел од учениците наставата на далечина била само формалност, а не вистинска замена за редовната настава, односно наставата повеќе се базирала на импровизации, а не на системски, сериозно разработени решенија и добро осмислен план.

„Учениците покрај наведеното, се соочуваа со проблеми поврзани со менаџирање на сопственото време како резултат на онлајн наставата. Особено беше тешко за учениците од пониските одделенија, па нивните родители често требаа да го поминат поголемиот дел од времето помагајќи им да се снајдат со платформите, работејќи на домашните задачи и објаснувајќи го наставниот материјал. Оттука, неспорно е дека родителите кои немаат познавање од информатичката технологија се соочија со поголеми проблеми и имаа потреба да бараат помош од други лица. Притоа, загрижува сознанието дека за оние ученици кои не можеа да обезбедат таква помош или поддршка од различни причини, вклучително и материјални (финансиски) или недоволно (слабо) познавање на ИТ технологија на родителите, ваквиот начин на настава или не беше достапно, или пак беше повеќе пасивно присуство отколку активно учество, што несомнено претставува проблем кој треба да се има предвид и да се преземат мерки со цел надминување на ваквата состојба“, сметаат од Кабинетот на Народниот правобранител.

Во однос на наставниците, се забележува дека дел од нив беа неподготвени, без соодветни ИТ компетенции и без соодветна поддршка.

„Народниот правобранител истакнува дека за надминување на гореспоменатите проблеми потребно е изнаоѓање системски решенија од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, преку добро осмислена платформа за учење со адекватно разработени наставни содржини од секој наставен предмет, на сите наставни јазици и за секоја возраст на учениците, со дополнително разработени наставни содржини за учениците со попреченост. Понатаму, изнаоѓање соодветна методологија со давање конретни насоки за наставниците за објективно оценување и следење на напредокот на учениците. Обезбедување на потребната поддршка на семејствата во социјален ризик, акко во однос на неопходните технолошки средства и опрема за следење настава од далечина, така и нивно поддржување во стекнувањето и развојот на дигитални вештини со кои ќе можат да им помогнат на своите деца. Покрај наведеното, сметаме дека треба да се разгледа можноста за донесување на одлуки во врска со наставата во услови на далечинско учење со широка консултација на сите засегнати страни (ученици, родители, наставници) како и стручната јавност и граѓанските организации“, стои во мислењето.

Во него се напоменува и дека постои загриженост што на нешто повеќе од еден месец, се уште не е јасно дали и како ќе започне претстојната учебна година.

„Од друга страна, во однос на онлајн наставата за учениците со попреченост сите досега пристигнати одговори од училиштата се во насока дека овој тип на настава е несоодветен и дека ништо не може да ја замени директната лице-в-лице работа со овие ученици, од една страна поради нивните карактеристики, можности и способности за учење, а од друга страна поради фактот што голем број од овие ученици ги немаат потребните ресурси за следење настава од дома“, се вели во мислењето.

Покрај ова, самата социјална изолација и неможноста секојдневно да комуницираат со своите наставници/професори, стручните лица и другарчиња придонело за појава на анксиозност, облици на предизвикувачко однесување, како појава на агресија кон себе и кон лицата од околината.

Народниот правобранител преку Одделението за заштита на правата на детето и лица со попреченост најави дека ќе продолжи да ги следи состојбите со остварување на правата на децата и лицата со попреченост, а особено во однос на остварувањето на правото на образование.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ