• Latest

Народен правобранител: Обезбедување на правото на образование на секое дете без дискриминација, врз основа на еднакви можности и во инклузивен систем на образование на сите нивоа

September 2, 2024

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Народен правобранител: Обезбедување на правото на образование на секое дете без дискриминација, врз основа на еднакви можности и во инклузивен систем на образование на сите нивоа

September 2, 2024 12:38
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител на почетокот на учебната година на сите ученици им посакува успешна учебна година, исполнета со добро здравје и среќа, во која покрај стекнување на нови знаења, умеења и вештини и проширување на стекнатите, ќе биде година исполнета и со стекнување на другарства кои ќе се базираат на меѓусебно разбирање и почитување.

Во оваа прилика, Народниот правобранител упатува апел до сите чинители во воспитно-образовниот процес, како и до родителите, да дадат максимален влог во воспитувањето и образованието на децата, со обезбедување на неопходната поддршка, внимание и грижа, при тоа секогаш тргнувајќи од најдобриот интерес на детето, почитувајќи ги децата како носители на права и со нивно вклучување во процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на нив, на децата.

Народниот правобранител ги потсетува креаторите на политиките во образованието дека основното и средното образование се задолжителни и бесплатни, а обезбедувањето учебници, наставни средства и дидактички материјали, бесплатен превоз на учениците, се само дел од предусловите за непречено одвивање на квалитетен образовен процес за сите деца, при што максимално да се заложат за вклучување во образование и на децата од ранливите и маргинализирани групи, преку обезбедување на услови за редовност во наставата.

Следењето на состојбата со инклузивното образование за учениците со попреченост останува да биде во фокусот на Народниот правобранител и во учебната 2024/2025 година. Следствено, Народниот правобранител ја цени заложбата на Министерството за образование и наука  за  дефинирање нови решенија во законите за основно, средно и средно-стручно образование, при што потенцира дека какви било измени и дополнувања на регулативата, треба да се во насока на почитување на принципот на најдобар интерес на детето и правата кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за права на лицата со попреченост.

Во овој контекст, тргнувајќи од значењето на образованието за развојот на личноста на детето, Народниот правобранител потсетува на обврската за обезбедување на правото на образование на секое дете без дискриминација, и врз основа на еднакви можности, во инклузивен систем на образование на сите нивоа, при што децата со попреченост не се исклучени од бесплатно и задолжително основно или средно образование врз основа на попреченост. Воедно, треба да се осигура разумно прилагодување за децата со попреченост, како и добивање на потребната поддршка, односно индивидуализирани мерки за поддршка, во рамките на општиот образовен систем заради нивно ефикасно образование и максимизирање на академскиот и социјалниот развој.

Народниот правобранител, го потенцира ставот на Комитетот за правата на лицата со попреченост при Обединетите нации дека „Инклузивното образование треба да се сфати како основно човеково право на сите ученици. Образованието е право на поединечниот ученик/дете, а не право на родителот. Родителските права и одговорности во овој поглед се подредени на правата на детето. Сите мерки за поддршка на учениците со попреченост треба да бидат во согласност со инклузијата, да се наменети за јакнење на можностите на овие ученици да учествуваат во училницата и надвор од неа, во училиштето, заедно со своите врсници, наместо да се сегрегирани во посебни училишта.“  Во овој контекст, Народниот правобранител апелира на исполнување на обврската за преземање мерки кон унапредување на инклузивното образование, укажувајќи дека секоја ретроградна мерка во тој поглед е недозволива и на штета на детето.

Народниот правобранител, посакувајќи им среќа и успешна училишна година упатува апел до децата/учениците, првенствено да се информираат и да знаат кои се нивните права, а секое евентуално недоразбирање со соучениците/врсниците да го решаваат преку разговор/дијалог,  со помош и поддршка од стручните служби во училиштето. Воедно, апелира до родителите/старателите и наставниците да бидат постојана поддршка на децата/учениците во насока на препознавање на случаи кога нивните права не се почитуваат, запознавајќи ги со механизмите за заштита на правата на детето, меѓу кои и Народниот правобранител,  како инстутуција, во која во секое време можат да се обратат за да пријават евентуални повреди на правата, а Народниот правобранител согласно неговите ингеренции ќе преземе мерки за нивно решавање, надминување и унапредување на правата на секое дете, на подеднаква основа, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ