• Latest

Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

October 19, 2019

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

October 19, 2019 12:00
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, оствари низа важни состаноци со високи претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и организации.

Како што соопшти Народната банка на дел од одржаните состаноци, опстојно се разговараше и за продлабочување и развивање на соработката меѓу нашата Банка и дел од овие институции и организации, меѓу другото и преку спроведување нови значајни проекти и редица други заеднички активности, вклучително и во сферата на истражувачка активност.

„На состанокот со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Андре Мекдовел се дискутираше и за остварувањето на зацртаното во меморандумот за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитната активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ). Во овој проект на ЕИБ, нашата централна банка се вклучи оваа година. Преку него, на полугодишно ниво, ние имаме можност состојбите со кредитната активност кај нас да ги согледаме и компаративно, во рамки на ЦИЈЕ“, се наведува во соопштението.

 

Се очекува дека следната година, ЕИБ да биде коорганизатор на традиционалната Истражувачка конференција на Народната банка.

„Како што беше кажано во Вашингтон, нашата централна банка веќе успеа оваа конференција да биде еден од најреферентните собири на истражувачи од централните банки на повеќе земји од Европа“, се потенцира во соопштението.

На средбите на делегацијата со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како со извршниот директор на СБ за Конституенцата во којашто членува нашава земја, Кун Дависе, се говорело за економскиот развој во Северна Македонија и за извршувањето на планираното портфолио со СБ, како и за финансискиот и банкарскиот систем и воопшто за финансиската стабилност кај нас.

 

„Притоа беше истакнат напредокот на Народната банка во јакнењето на финансиската стабилност и во воспоставувањето соодветна макропрудентната рамка, како и во унапредувањето на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди“, се додава во соопштението.

Со високите претставници на СБ, гувернерката Ангеловска-Бежоска подетално дискутирала и за можностите за натамошно користење на техничка и советодавна помош за нашата централна банка, нагласувајќи дека досега постигнатите резултати се гаранција пред меѓународните институции и организации дека сме подготвени за совладување на предизвиците за уште подинамично унапредување на централнобанкарското работење кај нас.

„Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии присуствуваа и на Годишниот пленарен состанок на ММФ и СБ. Тие активно учествуваа и на состанокот на Холандско-белгиската конституенца одржан во рамки на Средбите во Вашингтон, на којшто се дискутираше за очекуваните идни стратешки пристапи и проекти за земјите-членки. Во текот на претстојниот ден, делегацијата ќе оствари одделни состаноци и со повеќе високи претставници на ММФ“, се наведува во соопштението на Народната банка.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ