• Latest
Фото: МЕТА.мк

Народната банка очекува поголемо отстапување од проектираниот раст

April 13, 2020
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Фотографија: МИА архива

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

May 16, 2025
Фото: Скриншот од лајв видео на ВВС

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

May 16, 2025

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

May 16, 2025

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

May 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка очекува поголемо отстапување од проектираниот раст

April 13, 2020 12:17
in ЕКОНОМИЈА
Фото: МЕТА.мк

Фото: МЕТА.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка очекува поголемо отстапување на нејзините октомвриска проекции за растот на економијата, како резултат на појавата на коронавирусот, кој како неочекуван надворешен шок, се очекува да се одрази во повеќе сегменти од економијата. Ова е оценка од денешната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, и покрај стабилните текови во економијата во првиот квартал.

-Последно расположливите податоци упатуваат на стабилни текови, но неизвесноста од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 е голема. Расположливите високофреквентни податоци за економската активност за периодот јануари-февруари 2020 година засега упатуваат на продолжување на растот на економијата и во првиот квартал од годината, но ризиците за следниот период се неповолни. Во однос на инфлациските движења, заклучно со крајот на март, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 0,6 отсто, што и натаму е пониско остварување во однос на октомвриската проекција. Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, при што остварувањата во првото тримесечје од оваа година, генерално се во согласност со очекувањата. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за март покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, без поголеми отстапувања од проекцијата за првиот квартал од годината, појаснуваат од Народната банка.

Оттаму додаваат дека влошувањето на глобалното опкружување и мерките преземени за спречување на ширењето на вирусот, ќе доведат до влошување на деловната активност кај дел од економските дејности и ќе влијаат врз очекувањата на економските субјекти за следниот период.

Сепак, според Народната банка, се оценува дека овие отстапувања не се предизвикани од поместувања во економските фундаменти и засега се очекува да бидат од привремен карактер. 

Според октомвриската проекција, Народната банка очекуваше раст на економијата во 2020 година од 3,8 отсто, а четири отсто во 2021 година.

Народната банка, како што стои во соопштението, останува доследна на успешното спроведување на своите цели – одржување  стабилни цени, стабилен девизен курс и одржување на финансиската стабилност, притоа давајќи поддршка на реалниот сектор преку обезбедување поволни финансиски услови.

– Како и досега, се продолжува со внимателно следење на развојот на настаните, како и на потенцијалните ризици од окружувањето и на нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветна и навремена реакција преку приспособување на политиките и преземање на други, дополнителни мерки, доколку тоа е потребно, стои во соопштението од Народната банка.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ