• Latest

Народниот правобранител бара да се расветли случајот со твитот со говор на омраза на пратеникот Стевананџија

August 13, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Народниот правобранител бара да се расветли случајот со твитот со говор на омраза на пратеникот Стевананџија

August 13, 2019 10:30
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител ја осуди пораката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер во која е поставена бесилка оценувајќи ја како говор на омраза и побара од надлежните институции да реагираат и да го расчистат случајот.

– Народниот правобранител како членка на Мрежата против говор на омраза го осудува секој чин на ширење на говор на омраза, од причина што во едно општетство какво што е нашето тоа може да остави далекусежни последици и да поттикне дела од говор на омраза. Оттука ги повикуваме надлежните институции Министерството за внатрешни работи и Обвинителствиото веднаш да реагираат и да го расчистат секој слуачај на ширење на говор на омраза. Неказнивоста на ова дело делува охрабрувачки, а Република Северна Македонија токму во овој сегмент досега не покажа голем капацитет за справување со оваа негативна општествена појава, стои во изјавата на Народниот правобранител за МИА.

Ваквиот чин на пратеникот Стевананџија го осудија и од Владата оценувајќи го како непримерен за народен избраник и ги повикува надлежните институции на целосно и ефикасно спроведување на правната држава, утврдување на фактите и одговорноста.

– Владата најостро осудува и нема да дозволи ширење говор на омраза кон кој било граѓанин. Во врска со прашањето за говорот на омраза ширен од пратеникот Стеванаџија, најостро ги осудуваме заканите и говорот на омраза кои ги шират функционери и народни избраници. Тие треба да бидат пример за граѓаните, а не поттикнувачи на поделби и конфликт, стои во реакцијата од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Воедно, се посочува дека последните две недели секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе постапувал по 11 случаи и за три веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а за останатите тоа ќе биде направено во наредните денови по нивното комплетирање.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Стевананџија, завчера објави твит со слика од бесилка со текст: „Ќе биде се ОК! Зоран Заев“, што беше оценето како говор на омраза, по што твитот беше повлечен.
Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ