Американската вселенска агенција (НАСА) прикажа снимки од роверот „Презерванс“ кој влезе во атмосферата на Марс, се спушти и слета на црвената планета минатата недела, а беше емитувана и првата аудио снимка од звуците на оваа планета, соопшти НАСА.
Вселенското летало, кое влезе во атмосферата на Марс со брзина поголема од 19 илјади километри на час, морала совршено да изведе комплексна серија на маневри и да забави, а потоа да го постави роверот на своите шест тркала.