Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) почнува нова етапа во истражувањата на Месечината и Марс, со што има намера да ја задржи водечката позиција во освојувањето на вселената.
– Од мигот на создавањето, нашата агенција го промени светот кон подобро. Продолжуваме со активностите, со цел да ги достигнеме поставените цели и да демонстрираме лидерство. Во овие шест децении, ние пред светот демонстриравме незвиден број научни програми, проекти во областа на авијацијата, истакна директорот на НАСА, Џим Брајдонстејн, во видеото објавено по повод 60-годишнината од основањето на Агенцијата.
Натаму, тој истакнува дека токму годинава, НАСА ги обновува истражувањата на Месечината и почнува подготовки за експедиции на Марс. (МИА)