Насер Зибери ќе биде назначен за Народен правобранител во Северна Македонија, неофицијално дознава ТВ21. Од Зибери сè уште нема официјална потврда, но изворите на телевизијата велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети, чиј мандат истекува на 24 декември 2020 година.
Според уставот, Народниот правобранител го избира Собранието со мандат од 8 години, со право да биде повторно предложен за уште еден мандат. ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери иден и прв премиер Албанец.
Актуелниот народен правобранител Иџет Мемети дојде на оваа позиција во 2004 година, додека во 2012 година неговиот мандат беше продолжен за уште 8 години. Тој ќе ја напушти оваа позиција по 16 години.
Првиот народен правобранител во Македонија беше Бранко Наумовски, во 1997 година.