• Latest

Наталоженото незадоволство може да прерасне во општ работнички протест!

February 21, 2017
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Наталоженото незадоволство може да прерасне во општ работнички протест!

February 21, 2017 13:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатите на УПОЗ, СИЕР, УТКОЗ, АГРО објавија соопштение во кое безрезервно ги поддржуваат вработените од „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“, како и вработените во „Македонски железници“, кои деновиве штрајкуваат поради задоцнетите плати.

„Наспроти сé поголемото работничко незадоволство, Сојузот на синдикатите и Кофедерацијата на самостојните синдикати на Македонија, во целиот изминат период, а и досега, се само неми посматрачи на сите штрајови и не се осмелија макар и декларативно да искажат поддршка на штрајкувачите. Но, затоа, тие во изминатиот период како најголеми синдикални организации во Македонија беа само верни слуги на власта, афирмирајќи ги нивните закони и наводниот социјален дијалог во Македонија, кој според нив е на највисоко ниво. Како резултат на нивната пасивност и поданички однос кон власта и работодавачите, од ден на ден, работничкото незадоволство во Македонија е сé поголемо. Па така, наместо работниците да штрајкуваат за поголеми права, тие се приморани да штрајкуваат за исплата за плати, за она што чесно го заработиле“, пишуваат синдикалните организации кои раководството на Сојузот на сидникатите ги исклучи од членството.

Четирите синдикати истакнуваат дека неисплатените плати се резултат на лошото менаџирање на компаниите кои се заинтересирани само за нивниот профит, а платите и другите права од работен однос, им се во втор план. Предупредуваат дека незадоволството кое е наталожено со години, може да прерасне во општо работничко незадоволство на повеќе синдикати.

„Игнорантскиот однос на менаџментот во изданијата на ‘Медија Принт Македонија’ и Јавното претпријатие ‘Македонски железници’ кои одбиваат да разговараат со штрајкувачите, уште повеќе го поттикнува револтот кај штрајкувачите кои не можат да го остварат заработеното. Четирите синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО Синдикатот, како предводници и предвесници на новото синдикално движење во Македонија, со уште неколку синдикати кои во изминатиот период низ протести и штрајкови се борат за поголеми права на своите членови, подготвени се солидарно да се вклучат во остварувањето на нивните барања за исплата на платите на Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија и Синдикатот на МЖ – Инфрастуркутра и Независниот синдикат на машинскиот персонал, и да им пружат секаква помош, правна, финансиска и друга“, се вели во соопштението на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО Синдикат.

Овие четири синдикати вчера добиле дојава дека нивните канцеларии се обиени, а нивните работи изнесени од зградата на ССМ, со што повторно ѝ отворија работа на полицијата!

Додека претставниците на овие четири синдикати го обвинуваат лидерот на ССМ Живко Митревски, тој опстојува на ставот дека синдикалците се легитимно отстранети од зградата.

„Согласно законските процедури и Статутот на ССМ, на тие синдикати им престанува правото на користење на нивниот инвентар. Со оглед на тоа што не го подигнаа од службите кои се грижат за зградата, во процедура се иселени од надлежни служби за што и добија информации каде можат да го подигнат инвентарот“, вели Митревски.
Денеска со соопштение излезе и Самостојниот синдикат на медиумите (ССНМ) со поддршка за штрајкот на медиумските работници од МПМ.
„Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот ‘Вест’ од штрајкувачкиот одбори на ‘Вест’, ‘Утрински’ и на ‘Дневник’ денеска се одбележува петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на ‘Медиа Принт Македонија’. Прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и за хонорари продолжува, но и нашата подготвеност за конструктивна комуникација. ССНМ и штрајкувачките одбори уште еднаш потенцираат дека станува збор за легитимна акција која не е со цел да се наруши угледот на весниците ниту на МПМ. Токму спротивното“, стои во соопштението на ССНМ.
Tags: АГРО СиндикатМакедонски железнициМПМСИЕРССМССНМСУТКОЗУПОЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ