• Latest

НАТО усвои Декларација за длабока загриженост за поткопувањето на уставниот поредок на БиХ од страна на Република Српска

May 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

НАТО усвои Декларација за длабока загриженост за поткопувањето на уставниот поредок на БиХ од страна на Република Српска

May 27, 2025 10:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, посветена на 30-годишнината од склучувањето на Општиот рамковен договор за мир во БиХ во Дејтон, беше усвоена Декларација, во која беше изразена длабока и сериозна загриженост за постапките на Република Српска, кои, како што е наведено, го поткопуваат уставниот поредок на БиХ и Дејтонскиот мировен договор.

Член 22 од Декларацијата, кој ја нагласува важноста на зголемувањето на одбранбените капацитети, ја истакнува важноста на стабилноста и мирот во Западен Балкан и изразува сериозна загриженост во врска со најновите законски решенија и иницијативи во ентитетот РС, кои, како што е оценето, го поткопуваат и го загрозуваат уставниот поредок, суверенитетот, како и територијалниот и функционалниот интегритет на БиХ, како и Дејтонскиот мировен договор, пренесе Бета.

Србија поднесе амандман на овој член, барајќи да се отстрани споменувањето на Република Српска, но амандманот беше отфрлен.

Потпретседателката на Парламентарното собрание на НАТО, Агнес Вадаи, ја изрази својата поддршка за Босна и Херцеговина како целина откако амандманот беше отфрлен.

Американскиот конгресмен и претседател на американската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Мајк Тарнер, и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело, издадоа заедничко соопштение, во кое, меѓу другото, ја оценија ситуацијата во Босна и Херцеговина и „предупредија на дестабилизирачки фактори“.

„Сложените предизвици остануваат. БиХ е на критична пресвртница. Длабоко сме загрижени од сецесионистичката реторика и дејствијата што произлегуваат од ентитетот РС, а кои го загрозуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на државата“, се наведува во соопштението.

Тие го поздравија „силниот и обединет став на лидерите на САД и Европа во недвосмислената осуда на ова опасно и дестабилизирачко однесување“.

„Нивната јасна решеност да се спротивстават на ваквите дејствија и да спречат создавање безбедносен вакуум во регионот е неопходна и за пофалба“, нагласија тие.

Тарнер и Парестрело предупредија дека враќањето кон нестабилност и насилство не е опција.

„Ги покануваме сите политички актери во Босна и Херцеговина да се вклучат во конструктивен дијалог, со добра волја и со целосно почитување на Уставот. Важно е да се почитува владеењето на правото, да се унапредат потребните реформи и, пред сè, да се зајакне кохезијата на земјата и интегритетот на нејзините институции“, изјавија тие.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ