Алијансата излезе со став по истекувањата на гас од Северен тек 1 и 2 овие дена.
Северноатлантската алијанса смета дека вестите за истекувањата на гасот од Северен тек 1 и 2 во Балтичкото море се причина за “длабока загриженост“, јави дописничката на МИА од Брисел.
„Ние, како сојузници, се залагаме да се подготвиме да обесхрабриме, да се браниме против секаква насилна употреба на енергијата и други хибридни тактики од страна на државни и недржавни ентитети. Секој намерен напад врз критичката инфраструктура на сојузниците ќе биде пресретнато со обединет и одлучен одговор, се наведува во реакцијата на Алијансата.
Вкупно се регистрирани четири истекувања на Северен тек 1 и 2 од вчера.
Според информациите на НАТО станува збор за намерна и неодговорна саботажа, но соопштението не идентификува виновник со име.
НАТО предупредува дека овие истекувања на плин се ризик за поморската индустрија и за животната средина, и пружа поддршка за истрагите за причините на овој инцидент.