• Latest

Национализмот и едноумието затскриени зад патриотската наметка

July 10, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Национализмот и едноумието затскриени зад патриотската наметка

July 10, 2023 09:13
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Национализмот, едноумието и криминалот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, невешто се обидува да ги затскрие зад патриотската наметка. Всушност, тој дефокусира дека случајот „Феникс“ во кој меѓу осомничените за злоупотреба на службената положба и перење пари за проектот „Скопје 2014“ се експремиерот, бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски, поранешните министри Зоран Ставревски и Елизабета Канческа-Милевска, екс-градоначалниците на Општина Центар, Виолета Аларова и Владимир Тодоровиќ, екс-претседателот на Советот на Центар, Владимир Здравев… е обичен „театар пред јавноста“ и дека со фрлањето сенка на идентитетските обележја, се негира македонскиот идентитет.

„Продолжува да се негира македонскиот идентитет зашто така се фрла сенка на идентитетските обележја, односно тие споменици кои имаат за цел да прикажат историски континуитет на битката на македонскиот народ за своја држава и битката за својот сопствен идентитет.

Можеби е добро со камерите, (новинарите), да појдете до споменикот во Слупчане и таму да прашате кој ја дал дозволата за градба, кој и како го финансирал… Или може сакате да одиме до Зајас, до Колари, или сакате до уште неколку места да ве однесам во Македонија каде што има такви нелегални градби…“, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, толку ниско игра со чувствата на Македонците што криминалот на членовите на неговата партија се обидува да го претстави како патриотски чин. Крадењето пари на граѓаните никаде во светот не се смета за патриотизам. Напротив, се смета за предавство.

Од ДУИ на идентичен јазик возвратија на прозивката на Мицкоски, и му порачаа наместо секој ден да потонува во анти-албански и анти-европски сентимент, да ја поддржи европска Македонија и уставните измени, и наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик. И наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на коктелот организиран за изборот на новиот состав на чаирскиот огранок, повторно истакнал дека партијата е нападната од сите страни, бидејќи таа е клучот за функционирањето на државата, но дека ДУИ не се урива така лесно, бидејќи е структура која е родена од УЧК и крвта на мачениците.

„ДУИ никогаш досега не била соборена, затоа што нашата партија не е родена во политички салони или телевизиски студија, туку е создадена од УЧК и од крвта на хероите“, рече Ахмети.

Додека и едните и другите се натпреваруваа(т) кој ќе изгради поголем споменик, во име на патриотизмот и јакнење на национализмот, граѓаните се во потрага по подобар животен стандард.

Билдање национализам преку страв од „косовизација“

Партијата Левица, предводена од лидерот и пратеник Димитар Апасиев, откако постои во политичката сцена „се прослави“ со ширење национализам и заплашување на граѓаните од некаква си „косовизација“.

„Косовизацијата продолжува… СДС од Македонија направи подкосовска провинција! СДС – имате ли бе два грама мозок, маму ви ибам одродено! За ден повеќе на власт ја продавате Републиката градена со генерации – со многу крв, пот и солзи. ЌеВиситеЗаедно. ВриеМакедонец“, пишува меѓудругото лидерот на Левица.

И прaтеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки билдаше патриотизам преку ширење невистини за наводно нелегално присуство на полициските службеници од Косово, кои всушност дојдоа да помагаат во потрагата по возилото од Косово кое падна во реката Лепенец пришто загинаа три лица, во месец јуни.

„Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека ни шетаат во државата“, објави Ковачки, обидувајќи се да добие ситни политички поени и од трагедијата.

Од МВР изјавија дека по трагедијата, а врз основа на меморандумот за соработка што го имаат со косовската полиција, пристигна екипа со опрема од косовската полиција која постојано работеше со македонските полициски службеници во потрага по косовските граѓани.

„Неверојатно е како некој може дури и ваква трагедија да ја употреби за политиканство и вознемирување на граѓаните“, изјавија тогаш од МВР.

Зарем уште некој се пали на тој спин дека Македонија ќе се косоваризира?

Што всушност се криеше под мантијата на МПЦ-ОА на протестот против законот за родова еднаквост?

Таканаречениот „сенароден собир против законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција“ што МПЦ-ОА го организираше на 29 јуни, всушност беше „еднонароден“ собир. Иако, протестот на МПЦ-ОА декларативно доби подршка од сите верски заедници во Македонија, сепак на тој „сенароден“ протест не се појавија членовите на ИВЗ, на ниту една политичка партија на Албанците, ниту на другите етнички заедници, (со чест на исклучоци). Туку, таму беа собрани само „крстоносци“, „русофили или путинољупци“, (ултра) десничарски партии и националисти. Црковен собир со проруски љубители на селфи.

На тој „сенароден протест“ се појавија и пратеници, членови и лидери на политички партии кои во нивните изјави и објави на социјалните мрежи ширеа пропаганда дека „Македонците треба да опстојат, за да постојат“. Односно, наративот од тој протест всушност беше дека по секоја цена треба да се зачува македонскиот идентитет и православието. А, од кого да се зачува?

По протестот, некако тивко помина изјавата на претседателот Стево Пендаровски, во која истакна дека луѓе од Синодот на МПЦ соработуваат со руските служби.

Инаку, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестираше – за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока општествена дебата.

фото: архива ЦИВИЛ Медиа 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ