• Latest

Националниот парк „Галичица“ годинава нема да сече и продава огревно дрво за да обезбеди финансии

November 7, 2021
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Националниот парк „Галичица“ годинава нема да сече и продава огревно дрво за да обезбеди финансии

November 7, 2021 15:25
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот парк „Галичица“ годинава нема да сече и продава огревно дрво заради обезбедување на финансиски средства. Од над 6000 кубни метри дрва исечени во 2015 година, бројките на искористените шумски ресурси се намалија до околу 300 кубни метри минатата година, кои беа наменети за ранливите лица од локалните заедници. Оваа година, со новиот План за управување од 2021 година, развиен од персоналот на паркот и со поддршка од Фондот за природа „Prespa Ohrid Nature Trust“, најавуваат од Националниот парк, сеча на огревно дрво нема да има.

„Галичица веќе не сече! Со паметно планирање и соодветна финансиска поддршка овој национален парк конечно нема потреба да обезбедува финансии преку искористување на шумските ресурси“, напишаа од Македонското еколошко друштво.

Со финансиска поддршка на Фондот за природа „Prespa Ohrid Nature Trust“ и „Critical Ecosystem Partnership Fund“, Националниот парк „Галичица“ ќе реализира два проекти. Станува збор за проектите „Leave no trace“ и Проект за развој на истражувања на пештерите и за заштита на лилјаците во рамки на Националниот парк. Активностите ќе ги спроведуваат невладините организации „Explorer MK“, Истражувачко Друштво „Урсус Спелеос”, „Eco – Logic“ и Општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Покрај проектите ПОНТ и НП „Галичица“ договорија и дополнителен грант за годинава за покривање на оперативните трошоци на установата.

Како што пишуваат од ПОНТ, со приходот остварен од производството на огревно дрво како доминантен извор на финансирање, напредокот во остварувањето на целите на управување на паркот, беше скромен и не можеше да се одржи долгорочно. Обемот на сечата постепено се намалуваше од 2015 година, а со финансиската поддршка од ПОНТ, минатата година управата на паркот можеше да го одвои финансирањето на своите клучни операции од директното користење на шумските ресурси. Со новиот План за управување од 2021 година, се предвидува активно управување со шумските живеалишта во паркот за да се постигнат специфичните цели за зачувување, како што се подобрување на нивната структура и функции или отстранување на туѓи и инвазивни видови. Со елиминирањето на заканите управувањето со паркот достигна важна пресвртница во постигнувањето и одржувањето на поволен статус на зачувување на шумските живеалишта во паркот, а со тоа и долгорочното опстојување на растенијата и животните, од кои многу се ендемични, ретки или загрозени, пренесува Мета.мк.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ