Лични и семејни причини е причината за отсуството на Драган Павловиќ Латас на денешното рочиште за случајот „Тотал“, информираше неговата одбрана која како доказ пред судот приложи доказ од клиника.
Судењето е одложено за 30 март. Латас е осомничен за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје и се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.
Прашањето останува отворено и неодговорено. Каде е Латас, прашаа граѓаните, а прашува и пошироката јавност. А останува отворено и прашањето, од граѓаните, зар не треба веќе да е во затвор, наместо да се води како главен уредник на вестите на Сител.
Б.Ј.