• Latest

Навредливите зборови ќе бидат отстранети од „Толковниот речник на македонски јазик“

May 6, 2021
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Навредливите зборови ќе бидат отстранети од „Толковниот речник на македонски јазик“

May 6, 2021 11:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Циганче“, „циганштија“, „поциганчи“, „циганштилак“ се дел од навредливите зборови кои се најдоа на владината дигитална платформа makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.

По објавувањето на дигиталниот Толковен речник, до Владата пристигнаа реакциии од претставници на ромската заедница во земјата во врска со навредливите зборови кои се застапени во речникот.

Претставници на Владата на Северна Македонија и на Министерството за образование и наука веднаш стапија во контакт со редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш беше покажано разбирање и информираа дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.

„Лично ги поздравувам сите навремени реакции  на граѓанскиот сектор и сите активисти во однос на навредливите зборови опфатени во дигиталната верзија на толковниот речник изработена од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ и користењето на изрази кои всушност преставуваат егзоними и називи кој се наметнати од другите и истите не постојат во Ромскиот јазик.

Остварена е комуникација со надлежните институциии. Реакциите се примени и соодветно ќе се постапува и ќе се корегира делот кој што е предмет на реакцијата. Институтот за македонски јазик ја информираше Владата дека ги разбира реакциите на ромската заедница и дека зборовите со навредливо толкување ќе бидат остранети од толковниот речник на македонски јазик. Од страна на стручниот тим на речникот во Институтот беше покажано разбирање и инфомирање дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.

Од редакцијата од Институтот за македонски јазик информираа дека стручниот тим во наредниот период  ќе изврши ревизија на лексимите во речникот и дека ќе следува процес низ кој што зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст .

Се разгледуваат и модалитети по терк на современите толковни речници каде што има и објаснување / едукативно дејство и дескрипција дека вакви или слични зборови кои се користат како термини имаат навредливо или дискриминаторско дејство кон одреден колектив и заедница.

Овој пример на реакција на заедницата и потоа брза одлука за постапување од страна на надлежните во Институтот ја покажува вредноста на јавната достапност на дигитализираниот речник . Низ овој пример сведочиме учество на граѓаните во унапредување на јазикот како жива материја и негово негување и од социо-лингвистички аспект согласно современите општествени текови и вредности“, истакна Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ.

Покрај навредливите зборови за ромската заедница, на платформата може да се најдат и зборовите: „курва“, „педер“…

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ