• Latest

Не е до моделот туку до капацитетот  

November 7, 2019

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не е до моделот туку до капацитетот  

November 7, 2019 13:07
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Како што се плашат од избори, се плашат уште повеќе од една изборна. А една изборна е простор каде што секој глас на секој граѓанин е ефектен и каде е ефектна и волјата на секој гласач. Е, да, големите ќе загубат по нешто од својата децениска моќ. За малите пак, мали се зашто така не решиле тие туку гласачите. Не заслужуваат протекција. Меѓу нив и солисти, побаеги нереално амбициозни и некорисно присутни во политиката. Партии фамилии кои две, три децении се павтаат наваму натаму по плурализмот. Но нејсе, демократија е, нели.

Во основа е вредно, многу вредно, проектот една изборна да успее. Македонија да биде единствена гласачка територија. Секој глас од секој гласач да има своја директна партиска или персонална сатисфакција. Фер и демократски. Не поради малите партии на амбициозните поединци, туку баш за демократијата. И мотив плус за граѓаните. Да не пропадне ниту еден глас, ниту едно излегување на избори да не биде само абење чевли.

Збор два за темата, за дарежливоста на СДСМ и за егоизмот на ВМРО-ДПМНЕ. Теоријата вели дека алтруизмот, всушност, не е грижа за послабиот, туку одраз на себичност. Во суштина, СДСМ не сака една изборна. Но еве сака да биде голем и во очите на малите. Застана зад иницијативата што, впрочем, беше и нејзино предизборно ветување. Ако тогаш сакаше да се додвори на малите за гласови и коалиции, сега нема мрдање. Треба да си стои на зборот, па, кому иде. Со моделот една изборна, нормално, и ќе загуби по некој пратеник. Но партијата, ризично и мудро, веројатно калкулира тоа да го компензира со својата постизборна коалициска моќ.

ВМРО-ДПМНЕ пак, останува тврдо на ставот дека не ја дава предноста со сегашниот изборен модел наклонет на големите. Партијата не сака да ризикува. Впрочем, форсирајќи го популизмот, таа никогаш досега ништо и не рескирала. Секогаш друг ѝ ги туркал сите непопуларни, но нужни одлуки за државата. И за фиром на времето, и за рамковниот, потоа и за преспанскиот и за јазиците од неодамна. Така и ова со изборниот модел сега.

Игра ли СДСМ на таа вмровска финта, овој пат, нему некој друг да му ја истурка, во случајов, да ја блокира, да ја замрзне иницијативата за една изборна и големите да си останат со комфорните шест. Или пак, ќе се покаже деновиве, во името на ветувањата и на демократскиот напредок, партијата свесно се врза, си стави камче во чевелот со кое ќе трча на избори. Искреноста ќе се види по агилноста и посветеноста за иницијативата. И особено по количеството упорност потребно за моделот една изборна единица да го убеди и својот актуелен коалициски партнер ДУИ.

На Македонија ѝ се потребни многу брзи надежни промени во сите области. Меѓу нив и за начинот на изборот на власта. Кога и да се, во април или во октомври, избори се ближат. Ете можност актуелната владејачка коалиција да жртвува доза од својата моќ и во името на демократијата да го разбие гардот на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, сепак, не е до моделот. До партиските капацитети е – и за големите и за малите.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно или во целост) НА КОЛУМНИТЕ ОД САШО ОРДАНОСКИ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ