• Latest

Не е точно дека 15 тенисери поради поствакцинални компликации се повлекле од „Мајами Опен“

April 12, 2022

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не е точно дека 15 тенисери поради поствакцинални компликации се повлекле од „Мајами Опен“

April 12, 2022 16:23
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вистиномер рецензираше пост на социјалната мрежа Фејсбук, во кој авторот тврди дека 15 потполно вакцинирани тенисери не успеале да го завршат „Мајами Опен“, поради здравствени проблеми предизвикани од вакцините. Ова е невистина.

Во објавата пишува:

ПАЃААТ КАКО КРУШКИ…

Петнаесет „целосно вакцинирани“ играчи не успеаја да го завршат Мајами опен!

Љубителите на тенисот се бесни, а светот на спортот е во шок по невидениот број играчи, кои се повлекоа за време на натпреварот или претходно беа откажани на овонеделниот Мајами опен. Вкупно 15 играчи не успеаја да го завршат турнирот, вклучувајќи ги и фаворитите за победа. Free West Media известува:Светот на тенисот беше шокиран кога фаворитите Паула Бадоса и Јаник Синер се пензионираа за време на четвртфиналето на Мајами опен. Бадоса, која наскоро ќе биде на 3. место на светската ранг-листа, се чувствуваше непријатно за време на натпреварот против Џесика Пегула и го напушти теренот во солзи.

Авторот пишува дека станува збор за 15 тенисери, а во веста која ја споделува, повикувајќи се на познати антиваксерски портали, конкретно се опишува здравствената состојба на двајца тенисери, односно за Паула Бадоса и Јаник Синер. Двајцата имале здравствени проблеми, но не како последица на вакцината, туку Бадоса имала вирусна инфекција на грлото и увото, а Синер плускавци на стапалото.

„Евро спорт“ пренесе дека Јаник Синер се здобил со плускавци на стапалото за да му го даде на Фран Серундоло првото место на последните четири од еден Мастерс турнир, додека Паула Бадоса не можеше да се избори со инфекцијата што ја почувствува во претходниот круг, давајќи ѝ на Џесика Пегула да помине на полуфиналето финале.

AS.com објави дека Бадоса имала инфекција на грлото и увото.

Пaула Бадоса оваа среда се прости од Мајами на најлош можен начин. Шпанката мораше да си замине кога загуби со 4-1 од Џесика Пегула во четвртфиналето. Таа веќе се чувствуваше лошо во осминафиналето против Чехинката Фрухвиртова, но откако и дадоа апче успеа да дојде до победата. Како што дознава AS.com, таа ималa инфекција на грлото и на увото, пренесува Ас.ком.

Впрочем и шпанската тенисерка на својот профил на Твитер напиша дека се повлекува од здравствени причини, но никаде не споменува компликации, ниту поствакцинални проблеми од типот отежнато дишење и болка во градите, како што лажно тврди авторот на постот.

Многу ми е жал што морав да се повлечам денес. Многу страдам од последниот натпревар поради здравствени причини. Се обидов да се опоравам, но беше невозможно. Ќе ми требаат неколку дена да се опоравам и да се подготвам за сезоната. Ви благодарам многу, напиша Бадоса.

Исто и италијанскиот тенисер на својот официјален профил на Твитер потврди дека имал здравствени проблеми со нозете и дека се подготвува за следен настап.

Не беше лесно да се повлечеш во Мајами. Беше малку тежок месец со мојата болест во Индијана Велс, и сега ова. Ги одвоив последните неколку дена да се одморам и да добијам совет за моите нозе. Се надевам дека ќе бидам подготвен за Монте Карло, напиша Синер.

Истите информации ги пренесоа и медиумите, повикувајќи се на официјални извори.

Официјалните лица рекоа дека Бадоса има вирусна инфекција, додека Синер плускавци на стапалата. И двајцата беа фаворити за напредување и се повлекоа со негатива од 4-1 во првиот сет од нивните соодветни натпревари, пренесуваат медиумите.

На официјалната страница на „Мајами Опен“ не е пријавено дека повеќе тенисери се откажале и испаднале од игра поради здравствени проблеми, како што лажно се тврди во постот.

Нигде во светските медиуми,( Би-би-си, Си-ен-ен) кои известуваа за „Мајами Опен“ во рубриката „тенис“ нема таква „бомба вест“, која ја споделува авторот.

Колумнистот Џери Агар објави дека оваа вест е лага, посочувајќи ја како еклатантен пример за ширење лажни вести.

„Лажните вести“ се загрижувачки проблем денес. Се надеваме ова е поучен пример, се врти приказна дека медиумите го прикриваат „фактот“ дека невиден број тенисери се повлекле од Мајами Опен, кои страдаат од компликации од вакцината против ковид-19. Оние што шират вакви приказни контактираат со луѓе како мене, велејќи: „Зошто не ја правиш домашната задача и не ја известуваш вистината?“ Добри вести. Тоа е она што го правиме. Токму затоа јас и останатите медиуми не ја пренесуваме ужасната вест за Мајами Опен. Ја завршивме домашната задача. Еве го алармантниот наслов: „Скриена бомба: Светот на тенисот се потресе бидејќи ПЕТнаесет „целосно вакцинирани“ играчи не можеа да го завршат опенот во Мајами“. Доволно е лесно да се погледне не само колку се повлекле, туку и кој и зошто, пишува Агар.

Впрочем антиваксери истата „приказна“ ја ширеа и во јануари годинава за „Австралија Опен“. Тогаш пишуваа дека тројца тенисери испаднале од Австралија Опен 2022 поради умор и проблеми со дишењето.

Проверувачите на факти на Ројтерс ја дебанкираа оваа вест како лага.

Поради сите изнесените факти оваа објава ја квалификуваме како невистинита.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ