• Latest
Фото: Скрин шот

Не наседнувајте на дезинформацијата дека синот на естонската претседателка носи фустани

April 5, 2023
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не наседнувајте на дезинформацијата дека синот на естонската претседателка носи фустани

April 5, 2023 17:44
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Фото: Скрин шот

Фото: Скрин шот

Share on FacebookShare on Twitter

КРИСТИНА КОСТОВА

За жал, медиумската и интернет писменост во Северна Македонија не се на завидно ниво. Се чини општествово ни е плодно тло за дезинформации и лажни вести.

 

За да придонесам да се спречи ширењето на уште една лага која очекувам да го преплави македонскиот сајбер простор во наредните ден-два, би сакала да споделам еден тренд кој повторно го забележав на твитер во последните 24 часа.

За да не наседнете на „веста” дека синот на естонската претседателка носи фустани, која очекувам да се рашири ко пожар и по македонските делови од социјалните мрежи, ве молам продолжете да го читате текстов.

Во продолжение се линкови од три твитови:

  • https://twitter.com/jamespo…/status/1643289749736529920… објавен пред 18 часа на англиски јазик (сега веќе избришан);
  • https://twitter.com/sloboda…/status/1643351877155799045… објавен пред дванаесет и пол часови на српски јазик;
  • https://twitter.com/cebelica4/status/1643525837298253825… објавен пред два и пол часа на словенечки јазик;

Приложени се и скриншотови од твитовите, во случај да бидат избришани:

Твитовите, иако на различни јазици и за различни публики, ја споделуваат истата дезинформација: дека на фотографијата ја гледаме претседателката на Естонија заедно со нејзиниот син облечен во розов фустан. Па, таа информација веднаш (и малку нелогично) се поврзува со некаква омраза за православието (ама и Унгарците!)…

Темава, всушност, беше за првпат актуелизирана пред година дена. И тогаш се покажа дека е лажна вест.

Но, во последните неколку часа, содржинава повторно проструи низ твитер, и тоа на, навидум, неповрзани акаунти од различни земји.

Непореклив факт е дека актуелен претседател на Естонија е Алар Карис.

На фотографијата е поранешната претседателка на Естонија, Керсти Каљулаид, додека човекот облечен во розов фустан не е нејзин син, туку активистот Мик Парниц, со кој не се во никаква роднинска врска. Фотографирани се на 18 август 2020 година, на настан на кој на Парниц му е доделена награда за неговиот активизам против насилничко однесување.

Парниц одлучил да носи розов фустан на настанот со цел да го сврти вниманието на јавноста кон темата на семејно насилство. Во неговиот говор при примањето на наградата, Парниц цитирал официјална статистика за семејство насилство, која покажува дека најнебезбедното место за жените и децата е нивниот дом. Тој гест ги разбеснел десничарите во Источна Европа.

Парниц, кој инаку не е трансродово лице, објасни и зошто одлучил да облече фустан за настанот:

„Не сакав да носам машки костум. Костумот е како машки оклоп, некоја заштита. Маж со среден раст во костум може да каже неверојатни работи и луѓе ќе му веруваат, ќе воздивнуваат со радост. Одлучив да бидам ранлив, исмејуван, смешен. Така честопати се гледа на жените во општеството.”

Мик Парниц е активист во борбата против семејно насилство, но се бори и против педофилија и против дискриминација на граѓаните кои говорат руски и живеат во Естонија.

Твитови и постови со ваква содржина не се шират за првпат. Впрочем, оваа содржина лани се ширеше ко пожар по социјалните мрежи, или со споредба помеѓу „естонската претседателка и нејзиниот син облечен во фустан” наспроти белорускиот претседател и неговиот син облечени и двајцата во костуми, или, пак, како фотографија во која од другата страна на Каљулаид стои тогашниот естониски министер за правда, Раиво Аего, ама прикажан како да е нејзин сопруг.

Овој пост е дел од поширок наратив кој ја промовира идејата дека Русија и нејзините сојузници се чувари на „традиционалните” и позитивни вредности, додека „Лошиот Запад” наметнува „непосакувани вредности.” Москва го користи овој наратив како оправдување за инвазијата врз Украина.

Нема ништо лошо во тоа претседател/ка на земја да има дете кое е трансродово лице.

Но, во случајов намерно се шири лага. Оние за кои е наменета лагава не планираат да проверат веродостојност, тие само сакаат да го слушнат и да го шират она во што пропагандата веќе одамна успеала да ги убеди.

Оваа пропагандна тактика успева веќе некое време, и тоа не само кај нас, туку и насекаде во (за нас познатиот) западен свет. Се зема едно малку попровокативно прашање, најчесто поврзано со маргинализирани заедници, се втурнува во секојдневна дискусија како пример за „претеризам” и се остава заедницата да се вџашува и забезекнува и скандализира за нешто што е ноторна лага.

Сличен е примерот со „веста” за српската мајка Милка која со семејството се вратила од Германија, затоа што таму „ја терале да плати парична казна зашто одбивала да го облекува синот во женски алишта.” Симпатичната црвенокоса со невообичаен нагласок кој не наликува на ниту еден српски дијалект даде и изјава за српски медиуми која брзо се рашири на порталите (дури и кај нас); за да за само неколку дена се открие дека „српската мајка” воопшто не била Србинка, а кој знае дали била и мајка, но со сигурност била Русинка која работела во хуманитарниот центар во Ниш. Црвенокосата Русинка набрзо ја напушти Србија, во страв дека ќе биде уапсена за ширење лаги, а по барање на германските власти.

Сличен случај, иако не толку опиплив во наше поднебје, имаше токму вчера на Твитер, кога некој си sneako споделил скриншот од наводен твит од наводен акаунт на Џорџ Флојд, кој почина како жртва на полициска бруталност во 2020 г. Во твитот Џорџ Флојд наводно ги осудува трансродовите лица. Но, со лесно пребарување се забележува дека акаунтот во прашање е основан две години по смртта на Флојд. Ставовите на Флојд околу трансродовите лица не е познат, но познато е дека американската десница во деновите по неговото насилно убиство под коленото на полицаец, не штедеа зборови да го прикажат во најлошо светло: како зависник, криминалец, ништожни битие. Пораката им беше дека нема што пучанството да се вознемирува за неговата смрт. Вистината е дека какви и да биле ставовите на Флојд, тој, како и ниту една друга индивидуа, не заслужува, не смее да биде убиен од рацете на оние кои треба да го заштитуваат општеството.

Вчера пуштената лажна вест е со цел не само повторно да се релативизира и оправда неговото убиство, туку да се нормализира ништењето на важноста на живот на индивидуа само зашто припаѓа на одредена маргинализирана заедница (црнци, транс, геј, итн.), што е во суштина фашистички.

Очигледно е дека најновиот фронт е отворен на темата трансродови лица, па традиционалистичката, конзервативна пропаганда се обидува да ги претстави трансродовите лица како најголем непријател на сите насекаде. Исто како што беа работниците од пониските класи на почетокот од XX век, или како што беа жените кои бараа право на глас и телесна автономија и родова рамноправност, или етнички и расни малцинства, или хомосексуалци, итн., итн., итн. Изгледа проценката е дека мнозинството граѓани ги прифатиле барањата на гореспоменатите како нешто што се подразбира и им следува, па се свртиле кон најмалубројните и најобесправените, кон најлесната мета.

Главната цел на оваа пропагандна тактика е да ги закарува, да ги сврти еден против друг припадниците на различни маргинализирани и/или обесправени групи, за да го свртат вниманието подалеку од опасноста која центарот на пропагандата ја претставува.

И затоа е важно да се извикаат овие методи на манипулација, кои, за жал, не се секогаш толку очигледни за јавноста.

Имаме одговорност како граѓани кога ќе забележиме вакви манипулации да ги споделиме, за заедно да си помогнеме да не наседнуваме на истите.

А, политичарите имаат уште поголема одговорност. Тие мораат добро да се информираат и да се образуваат, особено на оваа тема и не смеат да запаѓаат во стапиците на манипулацијава која локално ја користат добропознатите, традиционални центри на моќ.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: дезинформацииКристина Костоваманипулациипропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ