Categories

ERROR Не се обидувајте, Фејсбук, Инстаграм и Вотсап повторно паднаа

Фејсбук и неговиот сервис за пораки, Инстаграм и Вотсап паднаа по втор пат за само четири недели. Онлајн гигантите очигледно доживуваат многу посериозни проблеми отколку што сакаат да признаат во своите соопштенија за светската јавност и стотиците милиони корисници. Фејсбук, чија мобилна апликација е инсталирана на повеќе од милијарда мобилни уреди, денеска не функционира.

Минатиот месец, кога паднаа онлајн платформите на Марк Цукерберг, неговите гласноговорници ја негираа можноста дека се работи за хакерски напад. За сега, нема официјално објаснување за најновото паѓање на системот.

Најголеми проблеми се забележани од корисниците во Европа, далечниот Исток, во Индонезија, како и во делови од САД.

Print Friendly, PDF & Email