• Latest

Не за гласачки места во Косово за српскиот референдум, порачуваат косовските лидери

January 15, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Не за гласачки места во Косово за српскиот референдум, порачуваат косовските лидери

January 15, 2022 13:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Водачите на косовските државни институции, претседателката на државата, Вјоса Османи, собранискиот спикер, Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти вчера повторија дека за референдумот што в недела, на 16 јануари, ќе се одржи во Србија, ќе можат да гласаат Србите со двојно државјанство, но само по пошта, или во Канцеларијата за врски на Србија во Косово.

Во заедничкото соопштение на Османи, Коњуфца и Курти, по нивната средба со претставникот на Европската унија во Приштина и со амбасадорите на таканаречената Квинта, односно петте највлијателни западни земји кои имаат дипломатски претставништва во Косово – САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција – се наведува дека отворањето гласачки места во северно Косово за референдумот во Србија би претставувало „јасно кршење на Уставот и законите на Косово, како и на меѓународните практики“.

– Освен што повторно се нагласи дека српските граѓани во Косово кои имаат двојно државјанство ќе имаат право да гласаат согласно меѓународните стандарди и практики, значи по пошта или во Канцеларијата за врски, институциите јасно ставија до знаење дека отворањето гласачки центри на Србија на територијата на Косово претставува јасно кршење на Уставот и законите на Косово, како и на меѓународните практики, се наведува  во соопштението.

Според челниците на највисоките косовски државни институции, „дотолку повеќе, еден таков чин би претставувал кршење на територијалниот интегритет од страна на Србија во однос на независноста и суверенитетот на косовската држава“.

Тие ја повикаа меѓународната заедница „да применува кон Косово исти стандарди како и кон секоја друга држава“, затоа што, како што напоменуваат „независноста на Косово не само што е признаена од мнозинството демократски држави во целиот свет, туку е и запечатена од страна на Меѓународниот суд за правда“.

Досегашните практики на организирање гласање за косовските Срби на избори во Србија, спроведувани со асистенција на ОБСЕ, според новите косовски власти, произлезени од парламентарните избори во февруари минатата година, биле неуставни и не ги обврзуваат институциите во Приштина.

– Косовскиот Устав, законите кои се во сила во Косово, како и меѓународното право и меѓународната пракса не го познаваат правото на една држава да реализира референдум на суверена територија на друга држава. Затоа, досегашните практики кои се применуваа од 2012 година беа неуставни и, следствено, не ги обврзуваат сегашните институции на Република Косово произлезени од јасната волја на граѓаните изразена на 14 февруари 2021 година, порача косовскиот државен врв.

Османи, Коњуфца и Курти ги повикаа сите демократски држави да го поддржат Косово во неговите напори да ги запрат „постојаните дејствија на Србија кои ги минираат суверенитетот, територијалниот интегритет и државноста на Косово“.

Тие предупредуваат дека Белград, според „рускиот модел“, настојува да го дестабилизира целиот регион.

– Дотолку повеќе, оваа српска пракса, која го следи рускиот модел, има целосна поддршка од Рсуката Федерација, со што се докажува нивната тенденција за брза дестабилизација на нашиот регион и поништување на успесите кои Косово и регионот ги постигнаа во партнерство со пријателските демократски земји, се вели во соопштението.

Ставот на Владата, на претседателката на Републиката и на претседателот на државата за неотворање гласачки места во Косово за референдумот во Србија јавно го поддржаа и сите опозициски партии на косовските Албанци.

Против организирањето такво гласање се изјаснија и Советот за заштита на човековите права и слободи на Косово (КМЛДЊ) и други невладини организации, кои порачаа дека тоа би претставувало „тешко газење врз суверенитетот на косовската држава“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во средата предупреди дека последиците од недозволувањето на косовските Срби да гласаат на референдумот „ќе бидат многу потешки од тоа што можат да го замислат Албанците и Квинтата“, додека амбасадорите на Квинтата, ден подоцна, побараа од Владата на Курти да им овозможи на Србите да гласаат, како што тоа го правеле досега со посредство на ОБСЕ.

Граѓаните на Србија на референдумот в недела треба да се изјаснат дали се „за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ