Бесим Небиу – политички аналитичар, ја почна панел дискусијата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија, со една поговорка „Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок“.
„Кога СДСМ е на власт, опозицијата може многу лесно да дојде до власт, за разлика од 2017 година кога промената на власта одеше малку потешко.
Некој што не е дел од четирите големи партии, 2 од македонскиот политички блок и 2 од албанскиот блок, не може да победи на избори, бидејќи досега фактите беа такви.
Ние немаме автентичен старт ап, некој да победи без претходно да бил дел од некоја партија. Пример таков е случајот со Албин Курти во Косово.
Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите.
Има две прашања кога политичарите секогаш се согласуваат, кога се работи за нивниот статус и кога се работи за изборната легислатива.
Во Словачка има партија која има 250 членови, но тие се вистински членови. За разлика кај нас политичка партија има 100.000 членови, тие не се членови тие се вработени, тие се клиенталисти.
Небиу вели дека имаме затворен систем. Тој направи паралела со нови брендови на цигари и политичките партии. Триесетина година нема нови брендови цигари, а нема ни политички партии и идеологии.
„Викањето и дерењето е добар метод повеќе луѓе да ве слушнат… Треба радикално да го отвориме системот сега со гласање на локални избори. На пример во Хрватска 1/3 се независни градоначалници.
Тој вели дека можеби идеално решение е да има отворени листи.
М. Д.