• Latest

Недела попладне, по прогласот на осуденикот и неговото ехо

October 7, 2018

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Недела попладне, по прогласот на осуденикот и неговото ехо

October 7, 2018 19:32
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија, недела, 7 октомври 2018… Неделното попладне не беше време за одмор, туку се искористи за продолжени политички препукувања меѓу партиите. Разгорената политичка криза што ја предизвикаа противниците на македонските евроатлантски интеграции, очигледно, не остава простор за неделен одмор. Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ е неуморен како и секогаш, па така не пропуштија и в недела да продуцираат обилни, иако репетитивни, содржини. Нивната намена е, меѓу другото, и во насока на „збивање на редовите“ или, поточно, замаглување на сѐ поочигледното разногласие и внатрепартискиот раскол. Да погледнеме со каков арсенал располагаат политичките партии кон крајот на викендот.

Прво Груевски на својот Фејсбук профил испрати „проглас“ до неговата партија, некаде околу 3 часот по полноќ: „Сакам да испратам еден проглас до мојата партија, а во врска со политичкиот прогон против мене и политички мотивираната и диригираната пресуда против мене објавена деновиве. Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала отстапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог.“

Дали со ова Груевски сакаше да го привлече вниманието на себе во тие ситни часови, во страв дека ќе биде целосно заборавен или навистина сакаше да порача нешто додека го мачи несоница, ќе оставиме на јавноста да цени.

По почесниот, се јави и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој свика прес конференција во седиштето на партијата на која ги соопшти своите услови.

Дури и Мицкоски доживува „откровение“ и вели: „Република Македонија влегува во нова политичка криза“. Одговорноста за тоа тој ја „пронаоѓа“ во „очигледната неспособност на владата да менаџира со клучите процеси во државата“, како што рече.

Тој, во својот прилично долг, повеќепати слушнат говор, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ го прифатила предизвикот за избори, иако тоа навистина не се случи, туку на самиот почеток се тактизираше за да се види колку премиерот Заев е подготвен на предвремени избори. За тие и такви избори да се случат, Мицкоски вели дека „мора да има техничка пржинска влада, содржински иста онаква каква што имаа СДСМ и Зоран Заев пред изборите во 2016-та година. Затоа што потребно е да се создаде атмосфера на фер изборен процес, кој во овој момент поради насилието на власта и узурпираната моќ ја нема.“ Тој тука пропушти да каже во што се состои насилието и узурпираната моќ и на кој начин тие соодветствуваат на времето на неговиот политички ментор Груевски, па да бара дел од власта во овој момент.

„Второто барање е Јавен обвинител кој ќе е на предлог на опозицијата како и собраниска комисија која ќе ги разгледа нерегуларностите при референдумскиот процес, за да истите не ни се повторат за време на предизборието и на самиот ден на гласање.“ – наведува Мицкоски во својата желботека. Тој уште еднаш се обиде да ја убеди македонската јавност дека не барал амнестија за своите шефови и дека не ја попречувал работата на истрагите на СЈО.

Притоа, многу „оригинално“ му предложи на премиерот Заев да се откаже од Спогодбата со Грција, па потоа да се оди на избори, како втора опција.

Останува отворено прашањето дали Мицкоски верува дека некој сериозно ќе го сфати неговиот денешен настап што повеќе личеше на ехо на ноќниот Фејсбук поход на Груевски, отколку на плод на разумно расудување.

Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше „само“ четири подолги четива, од кои две се однесуваа на критика на власта на СДСМ за непотизам и корупција, а едно беше одговор на прес конференцијата на Костадин Костадинов, пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.

Костадинов изјави: „Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да престанат да шират измислици и лажни вести и јасно да кажат дали се за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Изборот е јасен: или ЕУ и НАТО или изолација. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да каже за што е. Ако се ЗА ЕУ и НАТО, сега е моментот кога треба да престанат со лажни вести и обидите да му обезбедат амнестија на Никола Груевски и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието… Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО и сите мора да ја почитуваме нивната одлука. Но ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ако раководството на партијата и Мицкоски одбиваат да го сторат тоа, тогаш неминовни се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.“

Одговорот на прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ, всушност, беше само скратен говор на Мицковски.

На маргините на политичкиот живот во текот на неделниот одмор на граѓанките и граѓаните на Македонија се појави и соопштението на минијатурната партија ДОМ на Лилјана Поповска во кое се „открива“ дека лидерката ги замолила колегите да не ја предлагаат за претседател на претстојниот конгрес.

ДУИ денеска одмараше.

Џабир Дерала

Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ