• Latest

Неделни активности на ЦИВИЛ

August 9, 2020

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Неделни активности на ЦИВИЛ

August 9, 2020 10:06
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на проектот „Европа е наш дом“, минатата недела ЦИВИЛ одржа брифинг за претставниците на медиумите , во  просториите на Редакцијата „Слободен печат“. На брифингот стана збор за проектот на ЦИВИЛ кој се спроведува со цел да се поддржат ЕУ интегративните процеси на земјата, да се промовираат европските вредности, како и вклучување во борбата против хибридните закани против демократијата.

Кажете го своето мислење: Кои се вашите барања од новата влада?

ЦИВИЛ во новата акција  ги повикува сите свои членови и поддржувачи, соработници сите граѓанки и граѓани да ги споделат своите очекувања, предлози и барања за идната Влада на Република Северна Македонија. Оваа најнова акција го носи називот: „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Најдобрите прилози ќе бидат објавени, а авторите на најквалитетните текстуални и видео прилози ќе добијат и паричен надоместок (хонорар), соодветно на проектните и буџетските можности на организацијата.

Каква влада очекувате да формира мандатарот? Што треба да направи владата, каква програма треба да донесе? Што им е најважно на граѓанките и граѓаните? Како да се оствари тоа?

Сите се поканети да учествуваат и да дадат предлози во областа на човековите права и слободи, правосудството, меѓуетничките и меѓуверските односи, изборниот систем, социјалната правда, образованието, здравството, културата, економијата, евроатлантските процеси, меѓународните односи, дијаспората, безбедноста, борбата против корупцијата и хибридните закани, како и други области што се во интерес на граѓанките и граѓаните.

Пожелно е прилозите да бидат фокусирани на една тема. Учесниците во оваа акција за прибирање мислења, предлози и барања, можат да се потпишат и да испратат фотографија со кратка биографска белешка (максимум 10 реда), можат да се снимаат со видео обраќање, но можат да побараат да останат и анонимни. Исто така, тимот за медиумска продукција стои на располагање и за снимање на заинтересираните. Прилозите треба да се испраќаат на civil@civil.org.mk со назнака: „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Стоп на насилството и говорот на омраза

ЦИВИЛ најостро го осудува секој акт на насилство, а особено актите кои произлегуваат од омраза кон неистомислениците или кон припадниците на различни заедници. Организацијата го осудува насилството врз претседателот на организацијата ЛГБТИ Јунајтед од Тетово, Беким Асани и бара од надлежните институции да ги пронајдат и санкционираат напаѓачите.

Насилството е неприфатливо и недозволено во едно демократско општество. Физичкото, но и вербалното насилство, омразата и клеветењето, оркестрираните хајки кон луѓе, поради тоа што се различни. За жал, во нашето општество, подолго време се негува култура на неказнивост. И покрај напредокот во областа на правата на ЛГБТИ заедниците, сè уште постојат сериозни предизвици.

ЦИВИЛ отсекогаш бил и ќе биде организација што стои во одбрана на правата на ЛГБТИ заедниците и континуирано бара подобрување на нивните права со конкретни политики и практики кои институциите се должни да ги преземат. Не смее да има неказнивост за ништо, а тоа подразбира и укинување на неказнивоста за дела од омраза против ЛГБТИ заедниците. Должност на државата и институциите е да ги применат Законот за заштита од дискриминација и говор на омраза за сите подеднакво.

КРАЈ за привилегиите

ЦИВИЛ ја започна иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите во мај 2019 година. Иницијативата ја поддржаа шест илјади граѓанки и граѓани во онлајн петицијата што ја започна организацијата.

Според ЦИВИЛ, бесмислено е да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

Со оваа иницијатива, почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај 2019, за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот.

На 5 јуни 2019, ЦИВИЛ ја организираше и трибината „Крај за расипништвото“, каде заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на организацијата кои се однесуваат на намалување, односно укинување на привилегиите на јавните функционери.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ