• Latest

Неизвесно кој ќе формира влада по парламентарните избори во Бугарија

July 12, 2021
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неизвесно кој ќе формира влада по парламентарните избори во Бугарија

July 12, 2021 10:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Предвремените парламентарни избори што се одржаа во Бугарија вчера донесоа нова политичка неизвесност околу тоа кој ќе ја формира идната влада. Од затворањето на избирачките места вчера вечер, до денес наутро се води тесна битка за првото место според бројот на освоени гласови меѓу партијата ГЕРБ на Бојко Борисов и Има таков народ на Слави Трифонов. На обработени 95,22 отсто од гласачките ливчиња, партијата ГЕРБ води со 23,91 отсто освоени гласови пред партијата на Трифонов која освоила 23,66 отсто од гласовите, соопшти бугарската Централна изборна комисија, пренесува БТВ Новините.

Бугарското национално радио утрово јавува дека победникот на вчерашните избори ќе го определи гласањето во странство на дијаспората, од каде досега се пребројани 55,23 отсто од гласовите. Во странство, убедливо водство има партијата Има таков народ на Трифонов со освоени 33,26 отсто од гласовите пред партијата на етничките Турци ДПС со 19,84 отсто од гласовите и Демократска Бугарија со 18,5 отсто од гласовите на дијаспората.

Независно од тоа која од двете партии ќе освои најмногу гласови, бројот на пратенички места што ќе ги освојат, ќе биде речиси идентичен. Следствено на ова, двете партии ќе мора да бираат коалиционен партнер со помалите политички партии кои влегоа во парламентот – Бугарската социјалистичка партија, со освоени 13,63 отсто од гласовите, Демократска Бугарија, со 12,55 отсто, ДПС со 10,59 отсто и Исправи се! Мутри надвор, со 5,04 отсто. Бугарските патриоти предводени од ВМРО на Красимир Каракачанов освоија само 3,21 отсто од гласовите и не успеаја да влезат во новиот состав на парламентот.

Дневник.бг јавува дека новооформените партии Има таков народ на Трифонов, заедно со Демократска Бугарија и Исправи се! Мутри надвор повторно ќе немаат доволно пратенички мандати за да формираат влада. Досегашните резултати покажуваат дека тие би освоиле најмногу 112 од неопходните 120 пратенички мандати за да се изгласа составот на новата влада.

Слави Трифонов уште вчера вечер објави дека ќе даде изјава за јавноста денеска во 11 часот, по бугарско време. Но, уште вчера вечерта се јавија опозициските Бугарската социјалистичка партија и партијата на етничките турци ДПС, кои најавија дека нема да дадат безусловна поддршка за формирање влада на партијата на Трифонов.

Лидерот на ДПС Мустафа Карадај постави два услова – враќање на нормалноста во „политиката на демократијата“ и јасна програма за забрзан развој на земјата врз основа на приоритетите на ЕУ.

Корнелија Нинова, претседателка на бугарските социјалисти, уште вчера вечер рече дека партијата на Трифонов не може да очекува на безусловна поддршка од нив, која што претходно им ја дадоа на Има таков народ, по претходните избори на 4 април.

„Ако сакаат поддршка, ќе мора да нè поканат на разговори за да разговараме за политики“, изјави Нинова во однос на можноста за формирање на идната бугарска влада.

Бојко Борисов засега не излезе да ги коментира изборните резултати, но од неговата партија ГЕРБ рекоа дека очекуваат трите протестни партии што ќе влезат во парламентот, заедно со поддршката од ДПС или бугарските социјалисти, да ја формираат владата. Тие рекоа дека ваквите влади од типот на Орешарски или Беров завршувале со колапс во досегашната историја, посочувајќи дека постојат две опции за Бугарија – продлабочување на политичката криза или формирање на влада која ќе управува по задкулисен договор. / МЕТА 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ