• Latest

Неказнивоста и Гладоморот: 90 години подоцна, крвавата мисија продолжува, Северна Македонија стана полноправна членка на Унијата за Медитеранот, како Арсовска ги „извозе“ Скопјани?

November 24, 2022

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Неказнивоста и Гладоморот: 90 години подоцна, крвавата мисија продолжува, Северна Македонија стана полноправна членка на Унијата за Медитеранот, како Арсовска ги „извозе“ Скопјани?

November 24, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Со едногласна одлука на 42 земји – членки, Северна Македонија стана полноправна членка на Унијата за Медитеранот

При своето обраќање на свечениот чин на пристапувањето, Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи изрази благодарност за препознавањето на вистинскиот интерес на Северна Македонија да се приклучи на Унијата за Медитеранот, како и за дадената доверба.

„Нашето учество во Унијата за Медитеранот како платформа за регионална соработка и дијалог ќе ни овозможи како земја со отпочнати преговори за членство во ЕУ, поблиско вмрежување и интеграција на Северна Македонија во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен и соодветна интеракција со земјите од Европската Унија и петнаесетина земји од Јужниот и Источниот Медитеран“ рече Османи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„На светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото. Тоа не е доволно! Злосторство или геноцид, тоа мора да се именува и да се викне толку гласно за да одекне и остави белег во сечиј ум и разум, во сечија совест и одговорност дека се посегнува по највредното, по најскапоценото – по животот! На деца, жени, стари и млади – без разлика, со сите однапред испланирани и спроведени систематски начини на истребување на еден народ и една држава. Толку системски што дури не се знае ниту точната бројка на жртви која според различни извори се движи од 4 до 15 милиони жртви! Тоа не се зрна песок, тоа се живи семејства, широки насмевки, успеси и солзи, тоа се човечки судбини!

Почитувани присутни, да не дозволиме да се претвори сè во пепел, премногу сме вложиле и сме жртвувале, ние, нашите предци, нивните предци. Да не дозволиме злото да затропа и на наша врата, затоа што на овој или на оној начин, ефектот се рефлектира на сиот свет, без разлика“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето обраќање.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Во рамки на Регионалниот Форум на Унијата за Медитеранот, што денес се одржува во Барселона, Министрите за надворешни работи на 42 земји – членки едногласно ја донесоа одлуката за полноправното членство на Република Северна Македонија во Унијата за Медитеранот – организација која ги вклучува сите земји членки на ЕУ како и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ.

ЕКОНОМСКИ МЕРКИ Од 1 декември субвенционирана струја ќе добиваат и 233 основни и средни училита, 50 јавни претријатија и 235 субјекти од прехранбениот сектор.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за образование и наука информира дека на неговата веб-страница (www.mon.gov.mk) е објавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк што подразбира добивање месечен паричен надомест од околу 2.400 денари во девет  месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти е од утре (25 ноември) до 3 декември 2022 година.

ПРАВДА ВМРО-ДПМНЕ на чекор да го изгуби имотот, вклучително и белиот дворец во Скопје, откако деновиве ќе им биде врачена пресудата од „Талир 2“.

ГРАД СКОПЈЕ Како Арсовска ги „извозе“ Скопјани? – Ем без превоз, ем без автобуси, ем плаќаат камата од 350.000 евра

Парите за БРТ стојат нечепнати односно не се користат и поради тоа државата плаќа камата, бидејќи Арсовска од доаѓањето на функција лани во ноември кажа дека нема да го прави автобуското метро. Рече дека тоа било проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов, а граѓаните ја избрале нејзе и нејзиниот проект за 250 еколошки автобуси.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот град Лвив го доби статусот на младинска престолнина на Европа за 2025 година. Ова го соопшти градоначалникот на Лвив, Андриј Садови. Резултатите беа објавени на 23 ноември во албанскиот град Тирана, пренесува Суспилне Медиа.

*

Руските интернет страници за вести, каналите на Телеграма и сајтовите на англиски јазик поврзани со руската пропаганда дистрибуираат лажна слика од екранот која наводно била преземена од официјалната сметка на Бенкси на Инстаграм, пренесува Укринформ.

*

Во руски ракетен напад врз Украина погодени три станбени згради, десет лица загинаа, убиени двајца жители на регионот Донецк.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“. Учесници беа Јетмир Асани, претседател на совет на Општина Чаир и Суад Скендери од Ромалитико.

Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“  кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и европски политики на Големото Војводство Луксембург.

ЦИВИЛ: Слободата на Украина значи слободата на Европа, на светот!

Геноцидната војна што ја води Русија, негирањето на украинската нација, јазик и идентитет, анексијата на делови од територијата на суверената држава Украина и систематското спроведување на терор против цивилното население, целосно го уриваат меѓународниот поредок. Војните за освојување на територии и претворањето на енергенсите и храната во оружје сега се реалност за светот.

ЦИВИЛ е првата македонска организација и меѓу првите во светот што ја осуди руската воена агресија врз Украина. И денеска, како и секој ден од почетокот на руската агресија во Украина, ЦИВИЛ ги повикува сите мирољубиви и хумани луѓе, интелектуалци, уредници, носители на одлуки и лидери во заедниците да ја осудат воената агресија со донации, пораки и споделување на релевантни информации.

СЛОБОДНА ЗОНА

Емилија Целакоска

„Мислам, ало, човеку, нацијата е ПРИРОДНА колку што е природна контрацепцијата! Зборуваш за морал или за човекови права?

Што бараат библискиве цитати, па од МАНУ си, цитирни филозофи, мислители!

Само на манипулантни десничари им е потребен еден единствен БОГ со библиите и светите вистини и тракатанци, инаку како ќе ја микроменаџираат и последната единка од народот што не му ја мисли многу…

Мириса, корне, на нарачка од ВМРО ДПМНЕ“, пишува Емилија Целакоска во коментарот „Претседателот на МАНУ пак брчкал нешто на Гугл и за малку ќе му текнело дека се зезнал“.

Џабир Дерала

„Ако Путин и неговите партнери барем делумно успеат во своите злосторнички намери и ако се извлечат од одговорноста за геноцид, за Украина втор во овие 90 години – светот кој го познаваме ќе потоне во заборав.

Исправени сме пред новата мрачна реалност – секојдневни конфликти, нови жестоки воени жаришта и бранови на терористички напади, нуклеарни закани, сајбер војни, глад, несигурност и брутални насилства насекаде во светот.

Затоа, судбината на Украина е и судбина на светот“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЈАЛОТ„Неказнивоста и Гладоморот: 90 години подоцна, крвавата мисија продолжува“.

Јане Ѓорѓиоски

„Што прави Апасиев, каква испакуличена слика прикажува за себе и за неговата Левица?

Ги користи маките на работниците за промовирање на националистичка пропаганда и поделба на граѓаните, додека тој си ужива во професорската, а сега и во пратеничка плата од државата. Вработен си е Апасиев во времето на режимот и никогаш не доживеал ниту доцнење на плата, а ваму, демек, ги разбира маките на работниците.

И, што сработи Апасиев за работниците додека ужива во пратеничкиот мандат?

Ништо!“, пишува Јане Ѓорѓиоски во коментарот „Треба ли да се игнорира Апасиев и неговата ѓоа Левица“.

Љубиша Николовски

„Каква иронија, Македонија е повторно заробена држава. И повторно од ВМРО-ДПМНЕ, иако е во опозиција. Имено со ВМРО-ДПМНЕ Македонија е осудена да биде заробена, без разлика дали оваа партија е на власт или во опозиција.

Најочигледен показател за тоа е што европскиот пат на земјава, што го започнавме, и е заробен заради уцената на ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот, со што Бугарите би биле вметнати во Преамбулата како посебна етничка заедница, различна од нас- македонскиот народ.

Со тоа се заробени сите граѓани кои сакаат да живеат во европска држава, со европски стандард и плати, да можат да патуваат низ Европа како еднакви со другите и да бараат работа како Македонци, а не како Бугари“, пишува Љубиша Николовски во колумната „Заробена држава“.

Драган Мишев

„За целото време на пренесување на информациите од украинското боиште, со посебен акцент на одбраната на украинците и целиот слободоумен свет од руската воена агресија, при тоа потенцирајќи ги цивилните жртви и кршењето на човековите права во оваа неиспровоцирана војна, не ствнуваа нападите од овдешните путинољупци, кои не можат да преболат дека  не им се остварија сеирџиските планови за пад на Украина, апсење на Зеленски и устоличување на нивниот „возљубен“ Путин како цар на возобновената руска империја…Она што особено боли, е нивното ликување на туѓата несреќа, човечките и материјални жртви, повици за уште пожестока руска делување, па дури и барање „братот“ Путин да употреби нуклеарно оружје. А ставањето насмеани емотикони на вести и фотографии на убиени деца… е тоа навистина покажува во колку очајна состојба се наоѓаат овие наши рашисти“, пишува Драган Мишев во колумната „Веќе 9 месеци трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ