• Latest

Веќе 9 месеци трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина

November 24, 2022

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Веќе 9 месеци трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина

November 24, 2022 15:13
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Еве веќе 9 месеци како трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина. Девет месеци руски воени злосторства, девет месеци гранатирање и уништување на цивилни објекти и инфрастуктура, девет месеци грозоморни слики од убиени цивили, меѓу кои и деца, силувања, ограбувања, масовни гробници, ќелии за мачење. Но и девет месеци херојски отпор на Украинците.

Иако, според сите релевантни извештаи кои ги пренесував уште пред почетокот на руската агресија врз суверена Украина, нападот беше сосема извесен, дури и точниот датум  беше предвиден, во растојание од неколку денови, сепак , уште една мала искра надеж тлееше дека сепак такво нешто нема да се случи. Во 21 век една држава да нападне друга суверена независна соседна држава, невозможно е, ма дајте ви се молам. Па зарем е тоа можно…

За жал, излезе дека сепак е можно, особено кога таа држава е Русија, која ја предводи токму (нетокму) Владимир Путин.

Шок… Втората армија во светот ја нападна малубројната и слабо вооружена украинска армија. „За 48 до 72 часа ќе го освоиме Кијив“, трубеа агресорите со големи латинични букви Z ( остаток од свастиката откако другиот дел го украле корумпираните руски политичари и воени добавувачи) на своите униформи и возила.

И навистина, на почетокот стигнуваа извештаи дека руските агресори кратко време навлегоа во предградието на главниот град на Украина. Но, дотука било…

Оттогаш па наваму, Украинците се во постојана офанзива да ги потиснат руските агресори. Искрено, истото го насетив уште за време на херојскиот отпор на гарнизонот во Азовстал, кого не можеа да го совладаат со недели руските трупи, потпомогнати од платениците на чеченскиот господар на војната, Кадиров. Ги ангажираа доволно долго руските војници подалеку од Кијив, по што дојде до пресврт во војната и тргна операцијата на протерување на путиновата армија од околината на главниот град , а сега веќе и од цела Украина.. во моментов Русите стравуваат од украинска офанзива за ослободување на Крим, и со право. Начинот на кој што ја изведоа деокупацијата на Харкив и Херсон, сега веќе опремени со модерно западно оружје, е импресивен.

За целото време на пренесување на информациите од украинското боиште, со посебен акцент на одбраната на Украина и целиот слободоумен свет од руската воена агресија, при тоа потенцирајќи ги цивилните жртви и кршењето на човековите права во оваа неиспровоцирана војна, не ствнуваа нападите од овдешните путинољупци, кои не можат да преболат дека  не им се остварија сеирџиските планови за пад на Украина, апсење на Зеленски и устоличување на нивниот „возљубен“ Путин како цар на возобновената руска империја…Она што особено боли, е нивното ликување на туѓата несреќа, човечките и материјални жртви, повици за уште пожестока руска делување, па дури и барање „братот“ Путин да употреби нуклеарно оружје. А ставањето насмеани емотикони на вести и фотографии на убиени деца… е тоа навистина покажува во колку очајна состојба се наоѓаат овие наши рашисти.

Со надеж дека барем малку придонесов за разбирањето на вистината во војната во Украина, и дека војната ќе заврши во скоро време, останувам на браникот на човековите права, слободата и  демократијата , исто како и предходниве тегобни  девет месеци, во кои известувајќи за оваа безумна руска агресија врз Украина, целосно се соживеав со страдањето на храбриот украински народ.

Слава Україні! Все буде Україна!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ