• Latest

Некој меѓу нас не е наш!

August 19, 2018
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Некој меѓу нас не е наш!

August 19, 2018 11:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуација 1: Не така далечната 2012 година, еден топол августовски ден јас со „стомак до заби“, се наоѓам во одделот на МВР во Македонска радио телевизија. Морам да ја сменам возачката дозвола, иако ми беше речиси нова, за биометриска пред да помине рокот. И бидејќи немав фиксен телефон за да закажам термин за сликање решив да одам и да закажам на лице место.

пишува: Маја Ивановска

„Добар ден – Добар ден!“

„Сакам да закажам за термин за сликање за возачка дозвола“.

„Во ред, само момент“, ми вели Весна, службеничката на шалтерот, џвакајќи го последното парче од ѓеврекот. Името и го прочитав од картичката закачена на кошулата со остатоци од сусам. „23 октомври“.

„Госпоѓо“, и велам повлекувајќи се наназад за да може подобро да ме види, т.е. да го види мојот стомак, „на 23 октомври јас може ќе бидам во породилна сала, нема ли некој слободен термин поскоро, или некаква итна постапка?“

„Јас да не сум ти го направила бебето па што мене ми викаш?“, ми одговара, со сè уште полна уста.

„Не Ви викам, Ве прашувам“, зачудено и возвраќам.

„Не знам, ене онде горе ти е шефот он нека ти каже“, ми се раздра, си стана од столчето и замина иако зад мене имаше уште луѓе кои чекаа на ред.

Ок. Го барам шефот. Вртам низ ходниците, прашувам уште еден службеник кој ме упатува кон вратата од канцеларијата на шефот. Таму веќе чекаат десетина луѓе. Ок. Ќе чекам, ако не сега, пак ќе морам да доаѓам…

Чекањето пред канцеларијата на шефот беше уште една потврда за тоа дека меѓу нас луѓето не постои никаква почит. Не очекував дека само затоа што сум бремена ќе ми отстапат ред да влезам поскоро наместо да стојам половина час, ама исто така не очекував ниту дека ќе бидам гмечена, буткана и без воздух. Тогаш сфатив дека силата со која се туркаш до вратата и ги гушиш сите околу тебе, не оставаш простор ниту да излезе оној кој е веќе внатре е обратно пропорционална од времето на чекање…

Во целата таа турканица се отвори вратата и еден господин се обидува да излезе меѓу луѓето кои се буткаат да влезат, од канцеларијата се подава главата на шефот, ме здогледува, на висок тон ги враќа луѓето наназад прави место и ми вели да влезам. Велам во ред е ќе си го почекам редот. Останатите почнуваат да се бунат. Шефот им објаснува дека сум бремена и инсистира да влезам. Влегувам. Вратата се затвора. Сѐ уште ги слушам сочните пцовки од другата страна.

„Добар ден! Кој е вашиот проблем и како можам да ви помогнам“, ми вели шефот Фатмир. Името го пишува на таблата на вратата од канцеларијата.

„Дојдов да закажам термин за возачка дозвола. Службеничката на шалтер ми кажа дека можам да се сликам на 23 октомври. Видете, јас сум бремена и токму во тој период ми е терминот за породување. Не знам воопшто што ќе се случува со мене и дали ќе можам да го испочитувам закажаниот термин. Постои ли некаква итна постапка?“, го прашувам.

„Ја носите ли старата возачка?“ ме прашува.

„Да“.

„Дајте ми ја“. Ја зема возачката. Ми подава лист – барање за издавање на нова биометриска возачка дозвола. „Пополнете го ова“, ми вели.

Пишувам. Додека го пополнувам листот ме прашува дали сакам вода, каде ќе се пораѓам, ми кажува за жена му, отприлика сме во ист термин, споделуваме искуства со доктори… Јас сѐ уште збунета од односот. Не ми се верува дека сум во истата зграда.

„Имате ли картичка“, прашува.

„Не, немам. Имам пари – кеш.“, одговарам.

„Во ред малку ќе ме почекате подолго, но веднаш ќе појдам во банката да уплатам“, ми вели. Јас занемев. Објаснувам дека нема потреба, дека можам сама да завршам работа, само да ме упати каде да одам. Инсистира да останам и да чекам. Почнуваме да се натегаме. Попуштам и му ги подавам парите потребни за уплата. Излегува и ме остава да чекам со чаша студена вода.

По дваесеттина минути се враќа. Можеби беа и помалку, ама мене ми се чинеа како вечност.

„Појдете со мене“. Станувам излегувам од канцеларијата и додека заминувам ги слушам коментарите на двајца господа кои чекаа пред вратата. „Шиптарска работа! Ние ќе си чекаме!“.

Застанав и во моментот кога сакав да му се развикам на коментаторот, шефот само ми ја повлече раката и ми рече: „Во ред е. Навикнав! Ајде да завршиме работа, па потоа ќе му помогнам и нему“. Каков зен, човече, си мислам во себе и не ми се верува на леснотијата со која ги изговори овие зборови.

Шефот ме носи до кабина за сликање. Му кажува на колегата на албански (од она што успеав да разберам) да ме слика веднаш, да не чекам. Ме слика ми ги враќа документите и ми кажува да дојдам за десет дена да си ја подигнам возачката. Се заблагодарувам.

Заминувам како во бунило, не ми се верува што се доживеав за отприлика еден час.

* * *

Ситуација 2: Ноември 2014, Хируршка болница „Св. Наум Охридски“, попозната како Градска. Јас и син ми чекаме на ред во итната дежурна служба. А службата е толку итна што те фаќа страв дали ќе завршиш задутре…

Пред вратата чекаат триесетина души. Чекаме со син ми да стигнеме на ред. По нешто повеќе од еден час на редот, пред нас остануваат една повозрасна госпоѓа со ногата во лонгета и еден помлад дечко со некаква ткаенина која изигрува завој на палецот.

Одеднаш влегува една млада мајка, претпоставувам Албанка, затоа што беше покриена со шамија (на прв поглед сосема небитен податок, но многу значаен за понатамошниот развој на настаните и особено за поентата на текстот), со мало детенце што плаче. На челото, претпоставувам од силен удар, имаше огромна џумка што, додека стоеја, ми се чинеше дека ја гледам како расте уште повеќе и станува толку голема, чиниш на детето му расте уште една глава. Мајката ја здогледува гужвата и ја фаќа паника. Детето вришти. Доктор, ни на повидок. Искрено, гледајќи ги, почнувам да паничам и јас. Ги замолувам возрасната жена и дечкото кои се пред нас да ѝ го отстапат редот на мајката веднаш да влезе внатре.

Госпоѓата веднаш се согласува. Во истиот момент дечкото со палецот на лош македонски почнува да ми реди сѐ по список. Каури, маури, вакви – такви, јас ќе сум кажувала кој да влезе… Младата мајка почнува да плаче, заедно со детето во раце. Почнува да ѝ се дере и на нејзе, на албански. Од она малку што разбирам албански сфаќам дека и неа ја пцуе и навредува. Почнувам да вријам. Го седнувам син ми подалеку од „сцената“, му велам да ме причека и се враќам назад.

„Дали си ти нормален?!“ – се дерам – „Гледаш ли во каква состојба е детето? Како можеш да бидеш толку бесчувствителен?“ Возвраќа и тој. Ќе ми ги ископал очите, нешто, не знам, не го разбирам, ребрата…

Земав воздух застанав пред него, директно гледајќи го во очи и му реков: „Ајде! Покажи колку си маж! Мене извади ми ги очите, ама оваа жена ќе влезе пред тебе!“

Во истиот момент се отвора вратата од ординацијата. Излегува сестрата да види што се случува. Доаѓа и обезбедувањето и го трга дечкото на страна. Сестрата, кога го виде малото дете, пребледе. Веднаш го зеде в раце вриштејќи по докторот. Истрча и тој и веднаш се упатија на горниот кат…

Чекавме уште 40 минути, додека докторот се врати. Четириесет долги минути со погледи кои те стрелаат од дечкото со палецот, со вознемирени пациенти. Во еден момент ми се приближи човекот од обезбедувањето. И тој на лош македонски почна да ми објаснува како јас не треба да се мешам, дека тука сѐ си има ред… Го слушам и во себе бројам до милион да не направам уште една сцена.

Тогаш втрчува еден млад дечко, видно вознемирен и на албански го прашува човекот од обезбедувањето нешто. Го носи нагоре…

Конечно влезе и дечкото со палецот. По него и ние. Штом влеговме го прашувам докторот како е детето. Ми вели дека е добро и продолжува да се жали дека, ете, не смеат да реагираат така и да пуштат некого преку ред, само затоа што се плашат од тоа дека некој вака може да ги нападне, како што ме нападнале мене.

Завршивме работа. На излегување пред вратата од болницата човекот од обезбедувањето стои со дечкото кој пред малку го однесе нагоре. Кога ме здогледа, на албански му рече нешто. Дечкото ни пријде и почна да ми се заблагодарува. Тогаш сфатив дека тој е таткото на малото дете… Не престана да ме благословува и да ми ја стиска раката небаре јас бев докторот од кого зависи животот на неговото дете. Па го зеде син ми в раце го изгушка и му посака поскоро да оздрави. На клупата од спротива седеше дечкото со палецот и ја гледаше целата сцена со намрштен поглед…

* * *

Сигурно некои се прашуваат каква врска имаат овие две ситуации со случувањата во овој период. Имаат. И тоа огромна врска! Но, овој пат, ваша задача е да ја извлечете поуката. Сите на куп. И патриоти, и предавници, и националисти, и вмровци, и комуњари, и соросоиди, и бугарофили, и србомани, и кодоши, и апаши, и „името не го даваме“ ликови, и северни-црпнати! Сите што го делите истиот воздух и ова парче земја…

За точниот одговор следува награда. Од С.О.Р.О.С, УДБА, ЦИА, Америка, Русија… По ваш избор!

 

 


Фотографија во прилог на текстот: Роберт Атанасовски

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: меѓучовечки односинационализампоукасекојдневие
Share421Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ