• Latest

Неколку лаги и неколку вистини за новата концепција за основното образование

December 19, 2020

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Неколку лаги и неколку вистини за новата концепција за основното образование

December 19, 2020 08:00
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Мала анализа на Концепцијата за основното образование од 2020 година.

1.

Лага е дека е ова концепција наменски создадена во овој момент, експеримент кој се спроведува само во Македонија со јасна партиска конотација и во функција на дневно-политички потреби на актуелната владејачка структура.

Вистина е дека во целиот свет се спроведуваат реформи во образованието кои треба да одговорат на предизвиците на општествениот развој, заради што се прават и обиди за воспоставување обединувачка меѓународна рамка (Конвенцијата на Обединетите нации за правото на децата (1989), Светската декларација „Образование за сите“ (1990), Дакарската декларација „Квалитетно образование за сите“ (2000), Милениумските развојни цели на Обединетите нации (2000), Декларацијата од Саламанка (1994) и Инчеонската декларација „Образование 2030“ на УНЕСКО (2015), најновата стратегија за образование на УНИЦЕФ (2019-2030), Европската стратегија 2020 (2009), Иницијативи на Европската комисија за градење на „зелена“ и дигитална Европа (2020).

2.

Лага е деа без никаква претходна подготовка и проверка се инпутира промена на системско ниво без претходно направени истражувања врз основа на кои може да се иницираат промени на образованието во Макеонија.

Вистина е дека дел од набројаните иновативни приоди во наставата и учењето, се веќе испробани во училиштата во нашата држава преку реализација на различни проекти, а дел од нив се вградени во системот како парцијални решенија и дека во Македонија се направени повеќе истражувања (генерални и спецификувани за одредени области) кои со голема прецизност укажуваат на главните проблеми и нудат соодветни решенија (Преглед на ОЕЦД за евалуацијата и оценувањето во образованието во Северна Македонија,

Инструментот за проценка на јазичната писменост (ЕГРА) и Инструментот за проценка на математичката писменост (ЕГМА)   инструменти кои беа применети во 2016 год. на примерок од околу 8000 ученици на крајот на II и III одделение), Училиште по мерка на детето, Од етнички до граѓански национализам преку основното образование,   Мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието, Кон инклузивно образование, … )

3.

Лага е дека наставниците не биле прашани за потребата од промени и насоката во која треба да одат промените.

Вистина е дека од 2006 година наваму во голем број истражувања наставниците го искажале своето мислење, а во истражувањето на МОН направено во 2020 година и директно се произнеле за можниот начин на промена (од одговорите на 4168 наставници во основното образование како најголеми слабости на сегашното образование се издвоени: неприлагоденоста на учебниците на потребите на учениците и/или на барањата на наставните програми (67%), барањето да се учат небитни работи кои не им се доволно корисни на учениците (61%) и запоставеноста на воспитната компонента (47%). Значително помал дел од наставниците сметаат дека меѓу најприсутните слабости се: недоволната стимулација на учениците за критичко размислување (30%) и отсуството на иновативни методи во наставата (14%).

4.

Лага е дека во концепцијата не се води сметка за специфичните услови на работа во училиштата и за базичните проблеми со кои се соочува образованието во Македонија.

Вистина е дека концепцијата ги зема предвид инфраструктурните проблеми, разликите во опременост, бројот на ученици, составот на наставниот кадар, …и уште повеќе, дека на секое училиште му се дава простор и можност да ја прилагодува организацијата на наставата и работата согласно капацитетите со кои располага.

Уште повеќе, концепцијата промовира флексибилни програми, кои можат да се прилагодат на сознајните капацитети на групи или на одделни ученици. Наставата се прилагодува на учениците, а не обратно.

5.

Лага е дека интеграцијата на предметите е насочена кон намалување на присуството на содржини од било кој предмет (посебно предметот историја), односно, дека е ориентирана  кон намалување на образованието на децата.

Вистина е дека:

– е насочена кон развивање аналитичко и критичко мислење, поттикнување креативност, учење како да се препознаваат  вистинити од невистинити информации и нивното правилно користење наместо едноставно поседување информации.

– преку мултидисциплинарен/интердисциплинарен пристап ги нагласува заедничките поими кои се среќаваат во различни предмети (Гоце Делчев како историска личност, како јунак во народните песни, како лик во литературни творби, како припадник на одредена идеолошка определба). Таквиот пристап им овозможува на учениците полесно да ги поврзат наставните содржини со реалноста, да ја согледаат смислата на она што го учат и да ги доживуваат наставните активности како релевантни и применливи.

– оваа интеграција бара наставните програми од различните предмети да овозможат синхронизирана реализација на сродни теми што значи повеќе знаење, повеќе разбирање, повеќе поврзување во реален контекст, а помалку меморизирање и папагалско учење на податоци или повторување нечии туѓи перцепци. Тоа е холистички пристап кој ги нагласува врските меѓу процесите/појавите и кој ја гради како основната култура така и базата на идното образовно надградување.

6.

Лага е дека новата концепција значи намалување на наставниот кадар.

Вистина е дека квалитетот на реализацијата на воспитно-образовниот процес во училиштата првенствено зависи од компетенциите на целокупниот наставен кадар во училиштето, вклучително и на стручните соработници и на директорот.

Тоа значи дека наставниците во својата работа ќе се раководат од систем на вредности според кој секој ученик може да учи и да се развива, а наставникот има одговорност да го овозможи тоа. Наставници кои знаат, умеат, кои се креативни и постојано се усовршуваат.

Оваа концепција можат да ја остварат наставници кои имаат  професионален интегритет, посветени се на својата професија и на училиштето во коешто работат и во секој момент се свесни дека претставуваат модели на идентификација за учениците.

7.

Лага е дека понудената концепција претставува копирање на модел на една држава.

Вистина е дека претставува искористување на позитивните искуства на голем број држави, меѓународни стандарди изградени во продолжителен период и нивна модификација соодветна на условите на Македонија, со цел градење на кохерентен и конзистентен систем соодветен на нашите конкретни потреби.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.

Tags: вистинаисторијалагаобразованиереформиучебници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ