• Latest

Нема да се плаќа царина за средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици,…

March 23, 2020

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нема да се плаќа царина за средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици,…

March 23, 2020 12:37
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање на царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина ќе бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема, најави денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Во рамки на ЦЕФТА, укажа, заедно Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договораат протоколи за лесно и безбедно движење на стоките. – Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспорт. Во таа насока до среда треба бидат договорени списоците на стоки што ќе се движат преку зелен и син приоритетен канал. Преку системот СЕЕД за размена на податоци ќе се разменуваат информации за итни пратки што треба да имаат приоритет, рече Танасоски на заедничка прес-конференција со министерот з атранспорт и врски Горан Сугарески.

Според Танасоски, и во тек на полицискиот час, што е во сила од вчера, движењето на стоката продолжува непречено да се спроведува. Со тоа и присуството на Царинската управа ќе биде 24 часа на царински испостави каде е предвидено вакво работно време, а на останатите царински испостави во рамки на работно време. Царинските службеници ќе дадат поддршка за непречено спроведување на царинските постапки, во новонастаната состојба, рече Танасоски.

Како што појасни, за времетрање на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамки на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка. Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит (овластен примач) и поедноставена постапка, локално царинење при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетрање на полицискиот час. Тоа  ослободување од ограничување важи за царинските испостави: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија.

Во случај на контрола од страна на припадниците на МВР за правилна примена на ова ослободување за сите нејаснотии ќе го контактира дежурниот оперативен центар на Царинска управа на 197.

Царинската управа,  по почетокот на пандемијата  Ковид 19 по службена должност ги продолжи роковите на важење на одобренија за поедноставени царински постапки, со што, потенцираше Танасоски, компаниите треба да бидат сигурни дека и понатаму можат да ги користат постапките на локално царинење на извоз и увоз.  Постапката за целосно бесхартиено извозно царинење што почна во дел од испоставите минатата недела, треба да се прошири и во сите царински испостави.

Како што најави Танасоски, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи и рокот на важење на банкарските гаранции кои истекуваат до 30 јуни.

Царинската управа заедно со Државниот инспекторат за санитарно здравство и МАКАМТРАНС и АМЕРИТ ги координираше активностите за издавање на потврди на превозниците за придржување кон мерките за контрола и санитација и истовремено за олеснување на движењето на стоки.

Како што најави претходно Сугарски, од утре секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да извади дозвола од Државниот санитарени здравствен инспекторат.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ