• Latest

Нема договор за минималната плата, предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе се разгледува на Економскиот совет на Владата

February 4, 2022
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Нема договор за минималната плата, предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе се разгледува на Економскиот совет на Владата

February 4, 2022 22:11
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатите, работодавачите и Владата и денеска не се договорија за зголемувањето на минималната плата. Заеднички е оценето дека постоечкиот модел на усогласување на минималната плата не е добар за ниту една страна. Од Владата најавуваат дека ќе го разгледаат новиот предлог на Бизнис конфедерацијата за да се субвенционира зголемувањето на минималната плата од страна на државата по што следната недела повторно се очекува да продолжат разговорите, пренесува МИА.

Предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе биде разгледан во понеделник на седница на Економскиот совет при Владата.

– Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија денеска дојде со предлог ако веќе се прифати било кое зголемување на минималната плата до опдредено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие имаа две барања – едното е поддршка на 50 отсто на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена. Ние не бевме спремни за калкулациите бидејќи за сите други модели што претходно беа понудени направивме симулации што тоа ќе значи. Во понеделник имаме Економски совет на кој ќе дискутираме за се што оваа недела се разговараше. Ќе излеземе со анализи какви фискални импликации може да има за Владата предлогот да го покриеме одредено зголемување на минималната плата, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата.

Битиќи останува на ставот дека треба да се најде одржливо решение преку консензус меѓу трите социјални партнери.

– Едностраното решение нема да даде резултат. Мораме да продолжиме да дискутираме и да најдеме одржливо решение кое ќе генерира еднаш за секогаш да заборавиме да зборуваме за минимална плата. За жал во нашата држава 13,8 проценти од работниците се приматели на минимална плата, а просекот во Европската унија е три проценти. Ние треба да зборуваме како да го намалиме овој просек, истакна Битиќи.

Во изјавата за медиумите, Битиќи порача дека работниците ќе добијат одржливо решение кое ќе им гарантира не само годинава највисока минимална плата, туку и следните години.

– Зголемена минимална плата ќе има. Дали ќе биде 18.000 или поголема од 18.000 денари ќе се дефинира на Економско-социјалниот совет, нагласи Битиќи.

За синдикатите, нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е најприфатлив. Не се задоволни од односот на работодавачите, а ја охрабрија Владата да застане на нивна страна.

– Очигледно дека работодавачите си гледаат само за нивните фирми, за нивниот капитал. Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите, а Владата излезе со одлична анализа која кажува дека моделот што го предлага ССМ и останатите синдикати е најприфатлив и опстоен во идните години. Ја охрабрувам Владата цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што го бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски. 

Работодавачите сметаат дека нивниот модел е најприфатлив. Според нивните пресметки, минималната плата би требало да изнесува нешто над 16.300 денари.

– Нашата проекција предвидува долгорочно поприфатливи услови за сите работници отколку оние што ги дава синдикатот. Како компании работиме на долг рок и сите наши планови ги правиме на долг рок и сметаме дека од денес за утре платите на работниците не вродува со сигурност за нивното работење, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Јадранка Трајкоска.

Од Министерството за труд и социјална политика излегоа со соопштение по средбата во која нагласуваат дека социјалниот дијалог продолжува следната недела со цел да се најде најодржливо системско решение.

– Овој предлог бара дополнителна анализа, со цел да се утврдат  фискалните импликации кои би го предизвикале предложеното решение. Затоа беше договорено социјалниот дијалог да продолжи следната недела, со цел да се дојде до приближување  и изнаоѓање на најодржливото системско  решение, кое ќе даде резултат на долг рок, се наведува во соопштението.

Синдикатите бараат зголемување веднаш зголемување на минималната плата од 18.000 денари поради зголемените животни трошоци и енергетската криза.

Остануваат на ставот за генерален штрајк и најавата за собир пред Собранието на 10-ти февруари за кога е закажана пленарна седница на која се ставени предлог измените на Законот за минимална плата, поднесени од Левица

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ